2win800x200

 

Денеска на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола, по добиена судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на З.Т.(58) од Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, по чл.396 од Кривичниот законик.

Вчера, во близина на Градскиот пазар кај Турската менза во Битола полициски службеници кај 50- годишниот А.Љ. од Битола  пронашле и одземеле 415 разни видови пиротехнички средства.

Битолската полиција ги известува граѓаните и правните субјекти во подрачјата под надлежност на СВР-Битола дека е забранета и казнива дистрибуцијата и продажбата на петарди и други пиротехнички материјали. За ова кривично дело се предвидени парични казни и казна затвор до три години.

„Исто така се предупредуваат граѓаните дека со употреба на петарди и други пиротехнички средства можат да предизвикаат опасност од самоповредување и повредување на други лица и тоа повреди на екстремитети,губење вид и сл., а со нивна употреба на јавно место го загрозуваат мирот и безбедноста на останатите граѓани. За прекршителите предвидени се парични казни во противвредност од 200-500 евра,а за родителите чии деца вршат прекршоци од овој вид,заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра во противвредност“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на Битолската полиција.

СВР-Битола ќе презема континуирани,редовни, но и зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на законските одредби.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани