АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На голема радост на најмладите, во општина Битола, се работи на создавање нови детски катчиња за игра и рекреација. Завршени се работните активности во населбата Карпош, веќе се работи на новиот парк кај ОУ Климент Охридски, а идната недела планирано е да започне уредувањето на детскиот парк и во Долно Оризари.
Проектот во вредност од 4.600.000 денари го реализира Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со средства обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој.
Детските реквизити и клупите поставени на улицата „Смилевски конгрес“ во населбата Довлеџик, се уништени од дивеењето на хулигани, а околните жители бараат надлежните да ги откријат сторителите и да ги казнат.
Ред се чека за тобоганите во паркот за деца и лица со посебни потреби во Градскиот парк во Битола. Иако паркот се уште не е официјално промовиран сепак од најмали до тинејџери уживаат во забавата. Така беше и денеска претпладне. Новото катче за забава и рекреативни активности се реализира со средства од Министерството за локална самоуправа, заедно со Швајцарската развојна агенција, а по предлог на Пелагонискиот плански регион.
А.Б