АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ниту новите современи подземни контејнери поставени на улицата "Васко Карангелевски" не ги променија старите навики на некои наши сограѓани
Во Општина Битола се поставени 22 нови специјализирани контејнери за одлагање на стаклена амбалажа. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ Панде Богоевски, потпишаа договор за примопредавање на новите контејнери со претставник од Германското друштво за интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општински услуги (ГИЗ ОРФ ММС). Овој проект во Република Северна Македонија се реализира со поддршка на ЗЕЛС, на ПАКОМАК и на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).
Црни облаци од чад се издигаа во центарот на градот попладнево, а во воздухот се ширеше неподнослива миризба од запалено ѓубре кое гореше заедно со пластичен контејнер на улицата "Климент Охридски' кај Стара Болница.
Речиси покрај секој контејнер низ градот постојано се остава гломазен отпад - стар мебел, дограма, електрични апарати, санитарии и друго.
Покрај грдата слика, се отежнува движењето на пешаците, затоа што со овој отпад се затрупани тротоарите, па тие се принудени да се движат на коловозот
Жителите од улицата „Север Југ“ во Битола се жалат дека покрај контејнерите постојано се создава депонии од стар мебел. Така е и денеска, каде несовесни граѓани се ослободиле од старата покуќнина, па стариот лежај се најде покрај контејнерот заедно со дотраената врата. Но, не само овде, ова е секојдневие низ Битола