АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Битола и Прилеп за кривично дело Разбојничка кражба.
Две лице со закани се обиделе да го одземат дневниот промет од вработениот во Поштата во близина на Железничката станица, при пто и физички го нападнале но не успеале во намерата. Од битолската полиција информаираат дека настанот се случил на вчера утро.
-На 14.04 во 09.10 часот во СВР Битола било пријавено дека во експозитура на „Пошта на Северна Македонија“ на ул.„Македонска фаланга“ во Битола две лица со закана кон вработениот се обиделе да ги одземат парите од дневниот промет, при што и физички го нападнале, но не успеале во намерата. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Битола
Полицијата го утврди идентитетот на разбојникот кој вчеравечер прво извршил разбојништво и кражба во колонијална продавница во Битола, а подоцна во престрелка со припадници на полицијата бил ранет и пренесен во Клиничка болница-Битола на лекување.
Разбојник со вперен пиштол во вработените ограбил аптека во Битола. Настанот се случил синоќа околу 20 часот, кога во битолската полиција било пријавено Разбојништво од страна на вработена во аптека лоцирана на ул.“Филип Втори Македонски“. Непознато машко лице влегло во аптеката и веднаш се упатило позади работното биро, каде што вработените го броеле дневниот промет, извадил и репетирал пиштол, и откако ги зел парите и еден мобилен телефон се дал во бегство.