2win800x200

Заев го бакна македонското знаме во Битола

Декември 07, 2019

Премиерот Зоран Заев го бакна македонското знаме на трибината во Битола и рече дека е гордост државата да биде дел од НАТО, македонското знаме да се вее заедно со американското, британското и знамињата на другите членки во Алијансата. Тој рече дека гордост е да седи рамо до рамо со Трамп, Меркел и други светски политичари. Рече еден глас Трамп, еден глас Меркел, еден глас ќе има и Зоран Заев. Успехот за влез во НАТО им го препиша на граѓаните кои го срушија режимот.

-Ова наше убаво македонско знаме се вееше заедно со останатите 29 знамиња на земјите членки на НАТО. Овие црвено-жолти бои беа   рамо до рамо со знамињата на САД, на Германија, на Британија, на Канада...Бидете горди, успеавме, остануваме на правиот пат, рече Заев, додавајќи дека „е гордост тоа што и пратседателот Трамп има еден глас и Зоран Заев има глас, и канцеларката Меркел еден глас и Зоран Заев еден глас, рече Заев..

-Тоа е ваш успех, ваша чест и гордост, ваша храброст на оваа генерација на граѓани, донесовте храбри одлуки да го изградиме пријателството, да ги решиме тридецениските проблеми на оваа земја. И затоа на никого нема да му падне на памет да прави планови за кроење и прекројување на нашата татковина, таа  е целовита, суверена, нејзините граници се загарантирани, добивме имотен лист, запишани сме во катастарот на Обединетите нации, рече Заев коментирајќи го и односот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кон овој чин.

-Сите бевме среќни само Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ, не.Не смогнаа храброст и сила да го поздрават овој чин, два позитивни збора да кажат. Затоа што кога требаше храброст се криеја кукавички.  Кога требаше одважност ги немаше никаде, затоа што целта им била гола борба за власт заради ново  раскрчмување на државата. Затоа ќе им кажам, може да се сликаат кај Манаки, рече Заев.

78318371 520300088567332 3201106986192076800 n

 

 

 

 

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани