Webp.net gifmaker

"Тука почиваат 300.000 евра" - графит на фонтаната пред Завод и музеј

Јуни 13, 2018

"Тука почиваат 300 000 евра!" напишал некој на предниот мермерен ѕид на фонтаната кај Завод и музеј Битола, алудирајќи на вредноста на овој проект.

Но, ова не е единствениот графит со кој е нагрдена фонтаната. На внатрешните ѕидови се испишани вулгарни пораки, а има и кукасти крстови.

 Пред неколку дена вандали ги уништија клупите кои се кај фонтаната.

Фонтаната беше изградена лани во април, на местото на страта култна бела фонтана во Битола, која беше урната во април 2016. Тогаш битолчани жестоко се спротиставија на ваквата одлука на претходната локална власт, која пак се правдаше  дека на објектот му е нарушена статиката и е опасна за граѓаните. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани