2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Образованието ќе ни отиде на поправен

Октомври 20, 2017

Ектереното тестирање се укина. На Кембричот му се ближи крајот. И дел од учебниците во иднина ќе се менуваат. Но, ќе треба многу време образованието да се врати во колосек. А последиците од спроведениот експеримент ќе бидат трајни кај некои ученици. Дури претходната власт сееше страв со екстерното, ги товареше наставниците со административни работи, ги казнуваше, заборави дека образованието постои заради учениците.

 

 Тие се изгубија меѓу куповите часови, обемната наставна програма во која се учи се и сешто, од купување збирки кои беа забранети во школо, за родителите да не се изложуваат на трошок, а  се продаваат по книжарниците и се неопходни за учениците да ја состават содржината што им се прадава на час зашто повеќето од учебниците ја немаат.

На десет страници да нема ни десет реченици урок

Слабостите на македонското образование се многу пати кажувани, прераскажувани....Доволно е да отворите учебник по историја и да согледате дека уроците се само збир нафрлени поими и датуми, а нема објаснувања за најважните случувања.  Пишуваат за  буржоаска револуција во Франција која ја дигнал третиот сталеж, а буржоазијата ја сместиле во вториот. Читанките од идеолошки причини се ослободени од текстови на поранешни југословенски писатели, колку и пораката во нив да била силна. Од учебниците по природни науки можете двесет страници да прелистате и да најдете само десет реченици од урокот. Градбата на окото по биологија е опишано до најмал дел како да се очни лекари, а во математиката со постапки се прескона совладувањето на основата за дропки.

Им требале Ајнштајни, а не Рацини

Децата ги пуштивме на школо од шест години, им го скративме детството. Уште во прво одделение имаат по пет часа на ден. Учат едночудо предмети кои имаат еднаков третман, за да се запишат во солидно средно школо треба да ги наредат сите петки. И на крај  некои експерти да им кажат дека требало најмногу да знаат математика, физика зашто на државата им требаат Ајншајни, а не Рацини, така  барал пазарот на трудот. Во мое време во Горната гимназија најмногу се одеше на полагање по македонски јазик и историја, за денес некој да каже дека се второстепени предмети. Меѓутоа оние со партиски книшки и како професори по историја, филозофија, па било кој и да е друг општествен предмет добри ги улебија. Чест на исклуоците зашто во школите има и вистински професионалци, поради кои сметам дека има надеж за образованието.

За булингот молк

Не само што во голема мера го изгубивме квалитетот на образованието, туку и воспитанието ни бега од рака. Мобилните телефони го окупираа светот на учениците до таа мера, што не е доволно да се побара од нив само да го исклучат звукот за време на час. Конверзациите на учениците по мобилни телефони вриштат од булинг, од трачеви, озборувања, фотографии од други ученици направени тајно, подметнувања, монтажи. Има едночудо случаи на уништени репутации на девојчиња со монтажи и ширење на невистини и озборувања на социјалните мрежи. На дел од случаите работела и битолската полиција.  

Училиштата како да не се подготвени за ова. Ретки се предавањата и дискусиите за булингот, одговорноста за ширењето на дезинформации, за омаловажувањата. И невладините организации слабо се активни на ова поле. Кога одржале предавање на оваа тема во школо?

Дигнете ја рачната!

Потребно е час поскоро сите чинители, Министерство, наставници, ученици, родители заедно да ја кренат рачната. Доста образованието ни одеше во рикверц. Да не отиде на поправен!   Како што рекол англискиот филозоф Френсис Бекон образованието е моќ,  а не само градиво за расправање, тоа не е само мислење кое треба да се има, туку работа која треба да се врши. 

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани