2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За упорноста (пишува Зоран Николовски)

Мај 03, 2021

„Не сум поразен сè додека не го признаам поразот.

А јас сè уште не признавам”

(Момо Капор)

Таков е животот, секогаш кога ќе помислите дека сте направиле нешто големо, нешто најголемо, “во следен кадар”, ќе видите дека или имало и поголемо, или ќе се сретнете со луѓе кои секогаш “добронамерно” ќе Ве советуваат: “Не претерувај !...” Кај обичните луѓе тоа делува дестимулирачки и депресивно, но кај упорните, оние “обележаните” од Бога, тоа делува поттикнувачки и охрабрувачки. Тие поразот го презираат. Не го мразат, оти чувството на омраза е чувството на слугата кон Господарот. А тие никогаш не се слуги. Затоа презираат. Се сеќавате ли на легендата за кулата вавилонска ?

          “.....Еден ден се собрале граѓаните на Вавилон, и решиле да изградат голема кула. Толку висока, со која ќе стигнат до Господ Бог. И почнале. Ѕидале ред по ред, угоре високо. И стигнале до облаците, се искачиле и повисоко од облаците. Кога видел Господ Бог, дека овие се сериозни во намерата и дека навистина ќе стигнат до него и ќе бидат “како него”, решил да им ги измеша јазиците на кои зборувале. Така и направил. После тоа граѓаните на Вавилон, веќе не можеле да се разберат меѓу себе, кулата запрела со градбата и останала тапа и незавршена....”

Народот вавилонски бил “намачен” народ и затоа запреле со намерата. Се разочарале, и ја напуштиле идејата да бидат еднакви со Бога. Се откажале и си отишле дома...

Луѓето кои според творечкиот нагон се “рамни” на Бога, никогаш не се откажуваат. Не дека тие не се разочаруваат, тие можеби доживуваат и подратаматични разочарувања, бидејќи работат со “срце”, ама тие дури и поразот, го ставаат во служба на големата идеа. Нивниот разум е “скаран” со нивното срце. Многумина во сонот сонуваат и среќни се, но уште посреќни се оние што будни сонуваат. Тие се се` поблиску до идеалот...

Можеби сте забележале дека македонскиот фолклор (меѓу другото) изобилува и со поговорки кои потценуваат, омаловажуваат или имаат за цел да Ве демотивираат, да Ве обесхрабрат, да Ве оттргнат од намерата. Не ме чуди тоа. Нормално е тоа. Ваквите поговорки се произлезени од обичниот, намачен народ; “Кој високо лета, тој ниско паѓа”, ”Наведната глава, сабја не ја сечи”, “Видел зајакот уши, побарал и рогови”, “Фалената овца - волкот ја јаде”, и многу други.... Маката едно зборува, идеалот друго ! Овие поговорки не важат за упорните, “обележаните”. Тие се доволно упорни, за да можат да се издигнат над обичниот, намачен народ. Тие знаат дека: “И падот, е лет !” Тие трчаат и тогаш, кога другите - лазат. Нема ризик, нема болка, нема назад ! Тие знаат дека еднаш започнато, нема прекинување. И тоа го прават најдобро што можат (нормално), колку што им “дал” Господ. Упорниот човек не живе за “like”, тој сам за себе е “like”.

Упорниот човек (според Ла Фонтен) е уметник во својата работа, - Штурецот, а сиот друг, “намачен” народ оклу него се - мравките.

Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани