2win800x200

Меѓународен тендер за доизградба на колекторискиот систем и пречистителната станица во Битола се очекува да биде распишан оваа година, по што во 2020 година ќе отпочнат и работите на терен, вели првиот човек на ЈКП „Нискоградба“, Методи Силјановски.

-Во 2019 година треба да се распише меѓународниот тендер ,а тоа ќе значи дека во рок од 6 до 9 месеци ќе се избере изведувач и во 2020 година ќе се отпочне со градба на истите, вели Силјановски.

Алал- Апелот на Јавното претпријатие „Нискоградба“ допре до битолчани. Жителите од централното градско јадро, во делот околу Библиотеката, попладнево ги тргнаа паркираните возила, за комуналните служби утре да можат непречено да работат на чистење на улиците од снегот. Останува да се види дали повикот упатен од ЈП „Нискоградба“ ќе го послушаат и битолчаните во другите делови од градот.

49335468 1197299950421477 5235950048793067520 n

49693388 603422750091608 4299768996422483968 n

49808835 354855011962718 4657048698503561216 n

Ј’зк- Дел од возилата деновиве останаа паркирани низ градските улици и покрај обилните врнежи снег. Од „Нискоградба“ се пожалија дека им попречуваат во чистењето на коловозите и дека може да дојде до оштетување на паркираните коли, па замолија за поголема соработка со цел интервенциите да се извршат побрзо и побезбедно посебно поради најавите дека се очекува нов снежен бран.

49419761 319882331960734 2642278075366113280 n

 

50122809 221663062048618 6564056414635950080 n

455465

„Нискоградба“ со отворен   телефон ги повикува  граѓаните  доколку имаат проблеми со снегот на улиците од прв и втор приоритет, но и според потребите да се јават во ова јавно претпријатие на  бројот  047  221 016 и да ги побараат службите да интервенираат.

ЈКП„Нискоградба“ почна со чистење на помалите улици во градот кои се надвор од прв и втор приоритет.

Триесет и два пара ХТЗ чизми со висок квалитет донираше невладината организација од Шведска „Од рака на рака“ за вработените од ЈП „Нискоградба“. Познатата хуманитрака, битолчана која живее во Шведска, Марија Росенгрен, оваа донација ја ветила минатата година , кога вработнеите од ова јавно претпријатие помагале на НВО „Од рака на рака“ при реализација на други хуманитарни активности.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани