2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

АД ЕСМ Подружница РЕК„Битола“ го честита Денот посветен на Св. Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои со својата животна посветеност и дела постигнаа неверојатен цивилизациски напредок, не само македонската писменост, туку и за сите словенски народи.  

Јавното претпријатие „Стрежево“ го честита Денот посветен на Св. Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои со својата животна посветеност и дела постигнаа неверојатен цивилизациски напредок во писменоста на македонскиот и на  сите словенски народи.  

„Во собрајќајната незгода која што се случи на ден 22.05.20 во која што учествуваа автомобил и велосипедист сакам да ја дадам точната изјава за настанот. Управувајќи со мојот автомобил на улица ‘Партизанска’ наидов на велосипедист кој што возеше во алхохолизирана состојба пред мене во истата коловозна лента. Потоа, наближувајќи се до него тој изгуби контрола врз својот велосипед и заврти налево во ист момент бев принуден да го одбегнам со вртење налево при што се удри во мојата десна страна на возилото, а јас продожив налево за да избегнам полоша ситуација удрив во тротоар и се качив на патеката за пешаци. Веднаш му беше укажана итна медицинска помош, при што беше утврдено дека не се здобил со никакви телесни повреди. Во целата ситуација е направена голема материјална штета на моето возило. Апелирам до сите учесници во собрајќајот да не управувате во алхохолизирана состојба“, стои во реакцијата на возачот на втомобилот испратена до нашата редакција.

Јавното претпријатие „Стрежево“ им го честитаат Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед кои го слават овој голем муслимански празник и им посакува семејна среќа, добро здравје, љубов, почит и меѓусебно пријателство, во духот на вистинските вредности и традиционално добриот соживот. 

Тодор Ивановски, кандидат за листата на пратеници  на Македонски концепт во петтата изборна единица го поддржува создавањето на општинска установа за култура, но апелира во неа да не се згрижуваат партиски војници.

АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ им го честитаат Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед кои го слават овој голем муслимански празник и им посакува семејна среќа, добро здравје, љубов, почит и меѓусебно пријателство, во духот на вистинските вредности и традиционално добриот соживот. 

Вие не сте вашето минато, Вие не сте она што ви се случило, Вие не сте вашето однесување, Вие не сте вашите порази и триумфи. Вие сте она што сте одлучиле да бидете сега!

Често среќавам луѓе, кои се заглавиле некаде во нешто што припаѓа на минатото. Тоа се случува најчесто кога не можеме да прифатиме нешто од него, нешто кое не ни е јасно, нешто кое се случило или најчесто нешто од кое излегуваме повредени, па тоа директно или индиректно зависело од нас. Така ден за ден, ставајќи го фокусот на тоа, тој дел станува секојдневие преку нашите мисли и минатото станува актуелна сегашност. Наместо минато, на кое треба да му го покажеме местото на кое припаѓа на нашата временска линија, ние стануваме ,,главни виновници,, кои го продолжуваат животот кој не постои, а толку е присутен. Како поминува времето, колку повеќе сакаме да се ослободиме од него, толку тоа станува поприсутно. Ако за некого зборуваме секојдневно, за нешто размислуваме секојдневно, а поминало, корисно е да си го поставиме прашањето: Дали можем тоа да го променам сега? Ако не можеме треба да прифатиме дека се што поминало, така требало и да биде. Се е за наше добро.

Чарли Чаплин во една прилика кажал шега на која сите се смееле, ја кажал истата шега и по втор пат, па се смееле неколкумина, веќе третиот пат никој на тоа не се смеел, па Чаплин им рекол ,,ако не се смеете на иста шега секогаш кога ќе ја слушнете, тогаш зошто се грижите секој ден за истите работи,,?

Вие сте тие што му давате сила и моќ на нешто што не постои. Вие сте тие што можете да го прочистите сегашниот момент од нешто што завршило некаде таму, а влијае на него. Реално многу малку простор се одвојува за сегашноста, затоа што фокусот ни е на она што било или што ќе биде, па го пропуштаме сегашниот момент, оптоварен само со нешто кое постои во нашиот ум. И да постои сегашоста, таа е контаминирана со се она што не припаѓа таму. Корисно е да размислите што моментално постои во вашиот живот, а што веќе е минато. Ако сегашноста е контаминирана од минатото кое Вие преку вашите мисли го реанимирате секој ден, време е да го сфатите тоа, да отпуштите и да го ставите на вашата временска линија хронолошки на местото на кое припаѓа. Знаете дека е тука, но ја користите само лекцијата од него. Прочистете ја сегашноста од настани кои не припаѓаат таму, од нешто кое се случило или треба да се случи. Потоа помислете што навистина постои, сега ? И, така уживајте во неа, “олеснета” од нешто кое било или треба да биде.

Ако постои нешто кое не можете да го простите, треба да знаете дека има начин. Прогресивните сесии за менување на фокус и простување ви стојат на располагање, а секој од Вас пред да се одлучи за коучинг процесот има можност за инфо разговор.

Пишува: м-р Билјана Галовска, професионален коуч и НЛП тренер, предавач на Бизнис Академија Смилевски во областа на организациско однесување и комуникации. Инфо Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

17 годишната Мариа Дима од Букурешт, Романија, добитничка на највисоката награда на „Мал битолски Монмартр“ има битолско потекло, велат организаторите на фестивалот.

Поради пандемијата со КОВИД-19, таа не можеше да дојде во Битола и да си ја подигне наградата, па ќе му биле испратена преку Романскиот конзулат и Амбасадата.

Инаку, Дима слика од мали нозе, а во просториите на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ изложени се петнаесетина нејзини цртежи, кои изобилуваат со случки од секојдневието, пејсажи, живот во село. Но, посебно место со својата убвавина заземаат цртежите на кои ја насликала битолската архитектура. На една од творбите изнесени се нејзините импресии од некое претходно гостување на „Монмартр“, па покрај насобраните гости е насликан и творецот на фестивалот , Коста Хаџи Антоновски.

Ж.З.

               

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани