
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипи на КЈП „Нискоградба“ деновиве работат во надворешниот дел на Oфицерскиот дом, поставувајќи нова атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски извршија увид во работата на терен. Силјановски појасни дека со атмосферската канализација, покрај надворешните води од објектот, ќе бидат опфатени и атмосферските води од партерното уредување.
Вредноста на оваа инвестиција е 1,5 милиони денари, средства од Општина Битола.
Во внатрешноста на објектот се работи на сите катови од Офицерскиот дом, според предвидената динамика. Во одредени делови е поставена нова дограма, а се работи и на поставување на инсталационите системи. 

(Државното музичко училиште од Битола годинава празнува 73 години од своето постоење. Во 1947 година започна со работа Нижото музичко училиште, со одлука на тогашната Народна влада на Р.Македонија. Наставата започна да се одвива само со еден клавир, две труби и неколку виолини. Првите педагози во скромни услови, несебично го пренесувале своето знаење на 148 ученици во таа прва година на постоење. После дванаесет години, музикото во нови простории за прв пат добива концертен клавир. Во 1962 се формира Средно музичко училиште.
„Нашето училиште е многу значајно за културното издигање на градот како и за афирмација на Битола и Македонија насекаде низ светот. Нашето музичко семејство е огромно, битолското музичко училиште е расадник на музичари, инструменталисти, теоретичари, хористи, солисти, професори. За жал, поради состојбата со вирусот КОВИД-19, ова се тешки моменти и за културата и образованието во Македонија, па така оваа година, за прв пат од своето постоење, Музичкото училиште нема да одржи годишен концерт“, пишува на интернет страницата на Музичкото училиште.
Но, годишнината нема да ја остават необележана, па изработија видео со музички изведби на учениците од Државното музичко училиште во Битола.
Изречени се вкупн пет прекршочни платни налози за битолчани кои не носеле маски, соопштија од СВР Битола за Апла.мк. Четворица битолчани биле казнети вчера, а еден пред седум дена. Тие се казнети по член 6 став 2 од Уредбата за носење лична заштита и ќе треба да платат по 20 евра.
На територијата на Секторот за внатрешни работи Битола, кој освен битолската ги опфаќа и општините Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево поднесени се вкупно 13 прекршочни пријави. Покрај за петтемина битолчани, уште за пет жители на Прилеп и три во Македонски Брод.
Ж.З.
