2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е капацитетот на Битолската болница во свлучај да треба да се примат пациенти со коронавирус, рече дека таа е доста солидна и екипирана здравствена установа, со добра инфраструктурна поставеност, но нема да се користи како болница каде ќе се лекуваат овие пацинети. 

„Многу солидна и екипирана болница е со ниво на експертиза и со добра инфраструктурна поставеност. Но, нема да има други центри за лекување на пацинетите со коронавирус  освен болниците  кои цело време ги спомнуваме Инфективната клиника  со дополнителниот капацитет и болницата „8-ми Септември“  пред се поради експертизата“, рече Филипче.  

Модната конфекција "Голден гејт" од Битола се приклучи во производството на заштитни маски  за заштита од Корона вирусот и првите произведени маски ги донираше во Клиничка  болница - Битола и Домот за доенчиња.

„Ќе направиме напори државата и јавните институции пред роковите да ги платат долговите што ги имаат кон приватниот сектор“.  Вака одговори министерката за финансии Нина Ангеловска  на прашањето на Апла.мк дали државата како најголем должник на стопанството, ќе ги изврши плаќањата на веќе доспеаните побарувања кон  приватните стопанственици, што во овие моменти на криза би било   од  помош за сите нив, но  и дали  може предвреме да ги исплати веќе настанатите обврски спрема приватните компании.

Магнолии и снег

Април 01, 2020

Снегот во април ги покри штотуку расцветаните магнолии низ Битола, а низ снежната покривка ѕиркаат и цветовите на јапонските цреши. Иако очигледно е дека климатските промени ги измешале лончињата во природата, сепак сликата надвор е фасцинантна, колку на снегот и да не му е време во април

Снег утрово ги изненади битолчани, посебно поради фактот што зимата календарски веќе  десетина дена е зад нас.

 

 

Фотографиите се направени во Потпелистерието, во село Нижеполе

received 239201944134164

received 174374266888313

received 638490103375232

received 901122443663215

received 2567327766866656

Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2).

Деветмина управителите на превозничките фирми од случајот Транспортер ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овласување со затворски казни од две до три години,а двајца управители добија условни казни затвор. 

Општина Могила во  село Трап започна   подготвителни активности за асфалтирање на Крак1 во должина од 335 метри. 

Оваа инвестиција изнесува над 2 милиони денри од кои 1 милион се обезбедени од Агенцијата за поддршка, додека пак остатокот е обезбеден од буџетот на Општина Могила.

„Рамномерно ги развиваме населените места во општината, создавајќи подобри услови за живот за сите граѓани во Општина Могила“, наиша на својот ФБ профил градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска. . 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани