
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, на својот ФБ профил објави фотографии на кои може да се види како изгледа внатрешноста на Офицерскиот дом во Битола во оваа фаза од реставрацијата, која се изведува со 1 милион евра, пари од ИПА 2 програмата на ЕУ.
Центарот за јавно здравје прави епидемиолошки анкети со контактите на вработениот во детска градинка во Битола кој е позитивен на КОВИД-19. Никој нема да биде исклучен од изолација доколку имал контакт со заболениот, инфомрираат од ЦЈЗ за апла.мк.


Атмосферата во Битола овој петок беше замаглена од песок и прашина, а времето мачно и спарно. Според метео прогнозерот Славчо Поповски надвор температурите се повисоки од просечните дури и за околу десет степени, а тоа се должи на многу топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон земјава. Како последица на облакот од Африка во водухот има значително присуство на прашина и песок која доаѓа од Сахара.
Викендов продолжува топлото време, а утре (сабота) според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи Битола ќе биде еден од трите најтопли градови во земјава. За Битола, Гевгелија и Демир Капија се прогнозира максимална температура до 34 степени.
ЈКП "Водовод" Битола ги известува граѓаните, дека повремените прекини во водоснабдувањето на улица "Илинденска" се предизвикани од друг изведувач, фирма ангажирана од Министерството за транспорт и врски за промена на водоводната мрежа.
На следната седница на Советот на Општина Битола, која ќе се одржи во четврток на 21 мај, како точка на дневен ред ќе се најде одлуката за основање на јавна општинска установа за култура.
Нова вонредна состојба од 14 денови прогласи претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност, на која присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, претседателот на Собранието Талата Џафери, министерите за надворешни и за внатрешни работи Никола Димитров и Наќе Чулев и епидемиологот д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.
Според претседателот на држава, главната причина за новата вонредна состојба е потребата од имплементација на економско-социјалните мерки за ублажување на последиците од пандемијата коронавирусот. Тој посочи дека голем дел од мерките кои се воведени за заштита од виурусот, како што е мерката за ограничување на движењето, затворањето на школите и стопанските субјекти не се поврзани со декларирањето на вонредната состојба. Пендаровски рече дека тие можат да бидат и укинати и во вонредна состојба, па ѝ препорача на Владата да размисли за постепено намалување на рестрикции во однос на движењето и работата на стопанските субјекти.
