
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолските музичари со онлајн изведба на бесмртниот хит на Битлси ,,Hey Jude". Изведбата е толку добра што останатите битолчани рекоа дека ова се „Битлси“ на битолски.
,,Целта ни беше да го искористиме слободното време и конечно да оствариме соработка, а со тоа и да внесеме позитива во нашето секојдневие во овие времиња", велат музичарите.
Песната ја изведоа Тамара Стојковска, Софија Костовска, Елена Стојчевска, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Виктор Апостоловски како вокали, потоа Владко Симоновски вокал, а настапува и на електрична гитара, Кристијан Магденовски и Стефан Новевски - акустична гитара, Васко Ќосевски - бас, Даниела Радевска - виолончело, Александар Лолевски - флејта, Иванчо Тодоровски - кахон, бонги Филип Јездич - тапани, Давор Нечак - клавијатура. Аудио микс/мастер - Владко Симоновски и видео уредување.
Четири лица од локалното населени во ромската населба на битолскиот Баир се вклучени во проектот "Креирање можности за работа на сите-главна фаза" кој се реализира преку УНДП со поддршка на Општина Битола и ЈП Комуналец.
Деновиве масовно се чисти каналската мрежа во Пелагонискиот дел на Општина Битола, во околината на селото Логоварди, со средства од општината во висина од 205.000 денари.
АД ЕСМ успеа да го добие (обнови) сертификатот за управување со квалитет ISO 9001:2015, и покрај отежнатите услови, пред се во комуникацијата, предизвикани од пандемијата од КОВИД-19. Голем дел од комплексната постапка на сертифицирање се одвиваше по електронски пат, согласно препораките за превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот. Сертификациската проверка се изврши преку т.н. Remote Audit Form, односно преку видео-конференциски врски и електронско обезбедување на документацијата.
Сертификатот е добиен од реномираната куќа на светско ниво TUV NORD CERT GmbH од Германија. АД ЕСМ положува големо значење на сертификатот ISO 9001:2015, со оглед на тоа што сертификатот обезбедува строго пропишан протокол за работење и потврдува дека компанијата работи по систем за менаџирање на квалитетот, кој е фокусиран на потребите на клиентите и е гарант за испорачување на ниво на квалитет коешто е преземено како обврска.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорите на ЈКП „Водовод“ и КЈП „Нискоградба“ Горан Козаров и Методи Сиљановски, извршија увид во градежните изведби на улицата „Илинденска“ во Битола. Оваа улица, која претставува една од сообраќајните крвотоци во градот, комплетно се реновира со средства и од централната и од локалната власт.
Градоначалничката Петровска потенцираше дека домаќинското работење доаѓа до израз најмногу во кризни ситуации, како што е сегашната, кога општината, покрај средства за тековните решавања на проблемите, има обезбедено буџетски средства и за инфраструктурни зафати, што е случај со улицата „Илинденска“.
„Поддршката на градежните работи воедно значи и поддршка на економијата. Во секакви околности, животот мора да тече и да се држи витализацијата, од аспект на сите општествени сегменти, кои што се како сврзани садови. Оваа сообраќајница е во должина од 2131 метар и се изведува во делови. Вкупната инвестиција од околу 1 милион евра е поддржана со 530.000 евра општински средства, со тоа што ЈКП „Водовод“ ги изведува водоводните приклучоци во висина од 3,6 милиони денари, КЈП „Нискоградба“ ги изведува канализационите приклучоци во вредност од 6,9 милиони денари, додека коловозот е во висина од 22 милиони денари. Ова е почеток на сериозни градежни активности во Општина Битола и за сите нив постојат обезбедени финансиски средства“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
Министерството за транспорт и врски за реконструкција на мешовитата канализациона мрежа и за реконструкција на водоводната и хидрантска мрежа на ул. „Илинденска“, одвои над 25 милиони денари, или околу 415.000 евра.
„Денес со градоначалничката извршивме увид не само на оваа улица, туку и на улиците кои што ќе започнат наскоро да се работат, а тоа се „Партизанска“ и „АСНОМ“. За неполн месец треба да распишеме тендер преку ова министерство за делот Буковски гробишта во однос на сливните води. Повеќе од милион евра од министерството се обезбедени за правење локални патишта улици, така што очекувам во периодот кој што претстои, да имаме активна градежна сезона“, рече министерот Горан Сугарески.
Сугарески посочи дека на територијата на Општина Битола, веќе се работи на заштитниот ѕид на обиколницата, паралелно се очекува од наредниот месец да се распишат тендери за реконструкција на преостанатите дел од патот Битола-Демир Хисар, како и патот од Битола до Меџитлија. И покрај кризата со КОВИД-19, динамиката на капиталните, како и на локалните проекти продолжува, а буџетот наменет за нивна изведба е сигурен и стабилен.
