
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Аплаузи и благодарници за здравствените работници беа доделени денес, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил. Благодарници добија и здравствените работници од Клиничката болница од Битола кои храбро се бореа да ги излекуваат пациентите од КОВИД-19.
,,На денешниот Светски ден за хигиена на рацете доделивме благодарници на медицинските тимови кои несебично и посветено се грижеа за пациентите заболени од КОВИД-19. На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ГОБ 8 Септември, КБ Битола, КБ Штип и ОБ Дебар се слушаа и гласни аплаузи за овие наши херои", напиша Филипче.
Тој потенцира дека миењето раце и одржување хигиена е клучно за спречување на ширењето на вируси.
,,Ова е меѓу првите препораки кои ги дадовме и останува основен и најсигурен механизам за заштита од КОВИД-19. Чистите раце спасуваат животи", напиша Филипче.
ФОД ДООЕЛ и НУ Народен Театар во заедничка акција донираа 500 памучни маски за повеќекратна употреба на граѓани кои не носеа маски на Широк Сокак.
Постојатното поткопување од атмосферските води и повремените оштетувања, го срушија потпорниот ѕид на ул. „Девеани“, кој им падна во дворовите на жителите на дел од оваа улица.
На денешен ден, 5 мај, 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
