2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Младиот битолски диџеј Љубиша Милошевски деновиве ги воодушеви битолчани со својата креативна идеја да го развесели градот. Тој од балконот на Градскиот часовник им испрати „Микс од Саат Кулата“. Во миксот ја вметна и мелодијата од легендарната битолска песна „Ако одам во Битола“ на композиторот Петар Георгиев- Калица. Љубиша неа ја изведе на саксофон во хаус ритам. Изведбата заедно со убавините на Битола кои се гледаат од Часовникот се овековечени на видеоматеријал изработен од Дамјан Гугучевски. 

„Целта на видеото е да се претворат лошите денови во добри денови, да се види светлината на нашиот град и вечната Саат Кула да се круниса со звуците од саксофонот“, вели за Апла.мк ДЏ Љубиша.   саат 2

саат 3

 

 



Во ОУ „Елпида Караманди“ се изведува комплетна реконструкција на санитарните јазли и целосно реновирање на тоалетите. Овој проблем беше еден од најгорливите за училиштето, во кое што настава посетуваат над 750 ученици. 

Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 4 до 12 мај направи 183 инспекциски надзори. Констатира дека меѓу општинскиот сообраќај е се уште поприлично редуциран, односно редуциран е за 95 проценти. 

Во целосен прекин се меѓуградските линии од Скопје кон Охрид, Битола, Ресен, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Кочани, Берово и обратно. А меѓуопштинскиот превоз на патници од Скопје за Тетово и обратно и од Скопје за Куманово и обратно исто останува во преќин, изјави Магдалена Филиповска Грашкоска , претседател на Инспекцискиот совет. 

Во Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар  започна скринингот за КОВИД 19 на вработените во градинките, соопштија од Центарот за јавно здравје. Скринингот се спроведува со земање на брисеви од нос и грло во следните пунктови:
Битола
• Пункт сместен во школската амбуланта во ОУ Даме Груев
• Пункт сместен во школската амбуланта во Гимназија Јосип Броз Тито
Кичево
• Пункт сместен во кругот на Општа болница- Кичево
Ресен
• Пункт сместен во Здравствен дом- Ресен
Демир Хисар
• Пункт сместен во близина на Домот на културата

Планирано е да се тестираат вкупно 308 лица вработени во градинките и тоа во:
• Битола -216
• Демир Хисар -21
• Кичево од -49
• Ресен -22


 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани