
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полицискиот час викендов ќе трае пократко. Наместо во 14 часот ќе почнува во 19 и ќе трае до 5 часот следниот ден. Ваков предлог Комисијата за заразни болести денес поднесе до Владата, а таа ќе го разгледа и ќе донесе одлука уште денес.
„Утрово имавме состанок на Копмисијата за заразни болести и бевме вклучени директно на Централниот штаб во Владата и предложивме полицискиот час за време на викенд да биде од 19 часот до 5 часот наутро. Тоа како предлог ќе се даде на седница на Влада. А во однос на олабавувањето на мерките што е предвидено да се случи од следната недела, односно од понеделник, останува да ја следиме состојбата и во текот на денешниот ден, да ги анмализираме случите од денешниот ден на утрешниот утрински состанок и потоа ќе излеземе со соодветни предлог мерки до Штабот и Владата“, рече Филипче.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, изјави дека АД ЕСМ планира да вложи напори да се прошири дејноста и обемот на работа на фирмата-ќерка ФОД-Фабрика за опрема и делови-Новаци, формирана со намена да ги задоволува потребите на РЕК Битола.
Продолжува градбата на заштитниот ѕид на обиколницата над Битола.
Градоначалниката Наташа Петровска бара вонредена седница на Советот на која ќе се одлучи да се донираат финансиски средства за доопремување на микробиолошката лабораторија во Центарот за јавно здрвје за дијагностицирање на КОВИД-19.
Денес се навршуваат 97 години откако била изградена една од најубавите цркви во преспанското село Љубојно посветена на апостолите Петар и Павле. Според стариот запис зачуван над влезната врата од црквата, храмот бил дограден на 9 мај 1923 година со средства на Никола Хр. Стасовски од село Љубојно.
Последната „супермесечина“ во оваа година е видлива за луѓето од целиот свет од зајдисонце на 6 мај до изгрејсонце утре, на 8 мај. Оваа мајска „супермесечина“ уште е наречена и цветна, и е една од трите „супермесечини“ годинава.
Првата се појави во март, втората која беше најспектакулрана се појави во април, а оваа мајската иако не е толку впечатлива како априлската, сепак е посветла и поголема од вообичаената полна месечина






Општинска делегација предводена од градоначалникот Марјан Стојановски, на пригоден и свечен начин и во овие вонредни услови, денес положи цвеќе пред спомен костурницата на великанот Даме Груев и на славните Смилевци Илинденци, со што се одбележа и последниот ден од Смилевскиот конгрес.
По повод 7 мај, Денот на полицијата, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска упати честитка до сите припадници на полицијата.
Таа посебно се заблагодарува на СВР Битола, поради заедничката соработка, нивната постојана грижа и максималната дадена поддршка во спроведувањето на мерките за заштита од КОВИД-19 на територијата на Општина Битола.
Двајцата новозаболени од КОВИД-19, регистрирани во денешниот здравствен билтен, се членови на потесното семејство на 63 годишниот битолчанец кој почина од коронавирус, потврдија за апла.мк од Министетството за здравство
