
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со скрининг тестирањето за коронавирус кое започнува следната недела, ќе се опфатат лицата за коишто се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.
Меѓу осумте новозаболени е и еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола. Тој е откриен со 185 тестирања направени во изминатите 24 часа, а покрај 1 заболен во Битола има 3 случаи во Скопје и 4 во Велес.
Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе предлози за издавање на казнени налози за вкупно 11 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Се изведува реконструкција на ул. „Бранко Радиќевиќ“, а во текот на денот градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид во инфраструктурните активности. Реконструкцијата се одвива во три фази. КЈП „Нискоградба“ работи на поставување на нова мешовита канализациона мрежа, a екипите на ЈКП „Водовод“ ја менуваат главната водоводна цевка и поставуваат соодветни приклучоци. Последната фаза од комплетната реконструкција на ул. „Бранко Радичевиќ“ опфаќа асфалтирање и партерно уредување на улицата.
Во фабриката за автомобиски кабли „ Кромберг и Шуберт“ кој е најголем приватен работодавач во Битолско oд денес со работа делумно започна и втората смена. Со ова на работа се вратени 2000 вработени.
