2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Советот на Општина Битола денес ја одржа првата електронска седница на која се донесени    неколку одлуки, соопшти на својот ФБ профил, претседателот на Советот, Валентин Груевски. 

1. Изградба на кров на градинка Коца Василева- 70.000 евра од јапонска амбасада и обезбеден надзор од Општина Битола.
2. Обезбедени средства за реконструкција на улици во Долно Оризари. Вкупна должина од еден километар.
3. Водоводна и канализациона мрежа околу Офицерски дом.
4. Прифатена донација од 100 таблети  за ученици од материјално необезбедени семејства.

 

Сто ученици од материјално необезбедени семејства во Општина Битола, кои поради недостаток од дигитална опрема, во услови на пандемија од коронавирусот, не се во можност редовно да ја следат онлајн наставата, ќе добијат таблет – компјутери за непречено учење. Донацијата која беше доставена до Општина, ја обезбеди семејството Дестани од Тетово , преку компанијата „Еколог – Интернешнл“, покажувајќи ја на овој начин својата општествена одговорност и грижата за најмладите. 

И оваа пролет воодушевуваат коњите кои пасат на горните ливади над Ниже Поле на Пелистер. Колку и да изледа се диво во оваа планинска убавина, коњите се питоми, па може да ги помилувате или да им дадете храна. Тоа се коњи во сопственоста на жителите од потпелистерското село Ниже Поле. Прекрасните моменти со овие скротени животни на Пелистер со фотоапарат ги улови настваничката по одделенска настава Гордана Угриновска и ги сподели со нас и нашите читатели. Прекрасна глетка во која многумина ќе можат да уживаат искачувајќи се на Пелистер и сменувајќи ја мислата за коронавирусот која постојано не оптоварува.    kowi 3

kowi 4

nowi 2

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани