
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Постојат луѓе кои секогаш можат да кажат што би направиле со некоја ситуација која не е нивна, и не ја преживеале во тој контекст. Точно знаат како би реагирале да се таму од таа перспектива. Кога навистина ќе дојдат во таква, па и слична тогаш се лутат на оние другите кои од туѓите чевли кажуваат коа е најправилна одлука. И, секоја чест на оние исклучоци (каде бил секој од нас) кои се само поддршка на патот “по кој тешко се оди” пропратен со страдање, додека не се даде време и пронајде другото поглавје од животот.
На животните патеки не постои правилно и погрешно. Не е ничија работа да суди зошто некој останува во ,,лош", брак, зошто некој не работи, зошто некој дал отказ, зошто некој останува со партнер кој го изневерил, зошто некој постојано се истакнува, зошто во нечии живот кој не е ваш, постои нешто. Ако не е ваше, тогаш немате право да се мешате во одлуки кои не знаете дали се добри за личноста која ги носи. Во туѓите чевли многу е лесно, секогаш е полесно!!! Гарантирам!
Она што може ние да го научиме, а што ни го пружа НЛП како алат се “перцептуални позиции.” Тоа е начин да ,,влеземе,, целосно во туѓите чевли, во релации кои нам ни се важни со цел да видиме, слушнеме и почувствуваме како се чувствува другата личност во однос на дадена ситуација со нас. На тој начин освестуваме наше манифестирано однесување, тон и боја на глас – што значи на каков начин се обраќаме, кои емоции ни се читаат преку невербалниот говор, како другата страна се чувствува поради тоа. Од туѓите чевли можеме да влеземе во ,,неутрални,, од каде ги согледуваме двете страни. Додека сме насочени на нечии постапки за кои ние ,,знаеме,, како треба, подобро да се насочиме кон себе, со цел да дознаеме како не треба и не сакаме да се однесуваме со дадена личност, важна за нас во слична или иста ситуација.
На тој начин полесно ќе допреме до луѓето кои нам ни се важни, ќе развиеме емпатија и сочувство, но ќе добиеме јасна слика каква личност сакаме да бидеме.
Пишува: м-р Билјана Галовска, НЛП тренер, предавач на Бизнис Академија Смилевски
Инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)
Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Четворица од обвинетите на 25 април 2020 година, не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија па се движеле со возило низ градот за време додека во сила бил полицискиот час.
Петтиот обвинет имал вербална расправија со лице кое живее на друга адреса во градот, па со намера да продолжи со расправијата отишол до домот на другиот битолчанец, каде бил затекнат од полициските службеници.
За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на сите обвинети да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска проиввредност.
Пикот на заразата со КОВИД-19 во земјава помина. Врвот беше три дена пред Велигден или за време на самиот празник, а сега кривата опаѓа, пишува во своите анализи редовниот професор од Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски.
Согласно последните промени кои се однесуваат на ограничувањето на движењето во услови на вонредната состојба во РСМ, воведуваме измени во работното време, и тоа :
Пацинетот бил изолиран и протоколите биле почитувани, рече Иринка Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за вториот битолчанец кој бил хоспитализиран во Клиничката болница во Битола, а по неколку дена се покажало дека е позитивен на КОВИД-19.
Таа од новинарите беше запрашана дали е направен увид за случајот со пацинетот кој оваа недела се лекувал на Интерно одделение, првиот тест се покажал негативен, а дури на вториот позитивен на коронавирусот, па бил префрлен на Инфективното одделение во Болницата.
Сотирова Бухова одговори дека досега се направени два надзора во Болницата, првиот за пацинетот со психијатриска дијагноза и сега за вториот пацинет и дека било констатирано почитување на протоколите.
„Направен е надзор е направен и за овој пацинет. Сместен е во посебна соба изолиран, со почитување на протоколите. Доколку пацинетот се носи на одредено друго испитување, алгортитамот, патеката по која пацинетот е носен е секојпат носен со заштитна маска, персоналот кој се грижи за тој пацинет е со комплетна лична заштитна опрема зашто секој потенцијален пацинет што се прима во овој период како итен се третира како потенциојално позитивен за коронавирус се до моментот додека не се добие позитивен или негативен резултат. Во оној момент кога пацинет кој е сместен во Интерно или на било кое друго одделение кога ќе се добие позитивен резултат за КОВИД-19 по истиот протокол со заштитна маска која ја носи пацинетот и персонал со комплетна лична заштита опрема е транспоретиран на Инфективното одееление во болницата“, рече директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Санкционирање на граѓаните кои не носат маски на затворени и отворени јавни места каде нема можност да се одржи физичка достанца од 2 метри уште од овој вторник ќе му предложи Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на Владата во текот на утрешниот ден.
Во Клиничката болница во Битола се лекуваат седум пацинети, а десет се на домашно лекување, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
