
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈКП Водовод ги презема сите мерки за заштита од корона вирусот што ги препорачуваат надлежните државни органи, со цел да го обезбеди здравјето на вработените од една страна, а од друга да овозможи непрекинато водоснабдување на сите граѓани во Општина Битола.
Извршена е дезинфекција во сите работни простории на претпријатието, поставени се средста за дезинфекција на рацете, а секој вработен добива заштитна маска и ракавици.
Епидемиологот Д-р Тони Коњановски на својот фејсбук профил во деновите кои следат ќе сподели свои препораки како битолчани да се заштитат од вирусот COVID 19.
Тој најавува дека во деновиве кои следат и покрај неговите обемни работни обврски, ќе најде време да ги сподели сите сознанија, препораки, мерки и постапки со битолчани и другите жители во земјава за заедно да ги спроведеме во оваа наша “битка” со болеста.
Докторот на својот фб профил напиша: „Стравот од непознатото, немирот, паниката, се вгнездија во секој дом, секое семејство, колектив. Како лекар, специјалист епидемиолог обучен и повикан да дејствува во вакви кризни ситуации, заедно со моите колеги од Центарот за јавно здравје од самиот почеток на заканата секојдневно, 24часа на повик, комплетно сме инволвирани во следење, контрола и спречување на ширење на инфекцијата. Новиот вирус SARS Cov-2, причинител на новата закана наречена СOVID 19 е веќе меѓу нас. На Нас, пред се на моите колеги здравствените работници,но и на Вас, моите сограѓани, моите пријатели, познаници, знаени и незнаени е товарот и одговорноста да се справиме и избориме со предизвикот. Епидемиологијата на COVID 19 не познава боја, вера, национална припадност а уште помалку партиска припадност. Затоа заедно, без паника, но со крајна сериозност и одговорност, почитувајќи ги доследно препораките на лекарите да се обидеме да ја извојуваме битката на оваа генерација“.
Согласно мерките и препораките издадени од Владата на РСМ, а во врска со вирусот COVID19 се известуваат граѓаните дека сметките за комунални услуги (канализација) за месеците февруари, март и април се со одложено плаќање, односно истите ќе можат да се подмират после завршување на пандемијата на COVID19 без камата и на рати.
ЈП „Стрежево“-Битола ги презема сите мерки за заштита од корана вирусот..
Согласно одлуките на Владата за превенција од ширење на Ковид 19, Јавното претпријатие "Стрежево" - Битола се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот.
Координативниот тим, формиран од страна на директорот на претпријатието Менде Граматковски ги реализира следните активности:
- Превентивна дезинфекција на сите објекти на претпријатието (ќе се повторува и во иднина, по потреба).
- Редуцирани се на минимум директните средби со странки.
- Сите планирани поголеми настани и работни состаноци се одложени.
- Вработените имаат на располагање заштитна маска и ракавици.
- Средства за чистење на рацете со раствор на алкохол се поставени во сите работни простории.
- На огласните табли поставени се информативни содржини за превенција од ширење на Ковид 19.
- Ослободени се од работни обврски вработени заради обезбедување грижа за своите деца до 10 години.
- Ослободени се хронично болните од сите работни активности.
- Направена е дополнителна внатрешна реорганизација за да се обезбедат услови за нормално функционирање на претпријатието во вакви услови.
ЈП "Стрежево" - Битола ги информира сите лица кои имаат потреба за контакт или информација од претпријатието тоа да го сторат на контакт телефонот 047/207-800 од 07:30 до 15:30 часот.
Апелираме до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава претпријатието, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја.
Мерките и препоракие на Владата за превенција на евентуална зараза од корона вирусот најмалку ги почитуваат повозрасните граѓани, кои не само што треба да бидат пример за сите, туку се и најризична категорија кога станува збор за ова заразно заболување.