
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во координација со Општина Битола и другите јавни претпријатија, ЈКП "Водовод" Битола превзеде акција за миење на Широк Сокак, а од понеделник ќе ги мие и улиците во Старата чаршија.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство во Ресен достави предлози за издавање на казнен налог за двете лица. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија по член 206 став 1 од Кривичниот законик.
ЈКП Водовод Битола согласно новонастанатата ситуација со корона вирусот и препораките и збраните од страна на владата од 23.03.2020 година со ново работно време:
- ДИРЕКЦИЈА на ул.Климент Охридски со работно време од 7:30 до 13:30 часот,
- НАПЛАТЕН ЦЕНТАР на ул.Рузвелтова со работно време од 7:00 до 17:00 часот.
Битола
20.03. 2020 година.
124 лица се во самоизолација во Битола, а десетмина се со решенија за здравствен надзор. Бројката од час во час се менува, вели за Апла.мк Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
И во услови на вонредна состојба поради коронавирусот, во капацитетите на ЕСМ во земјава струја се произведува непречено. Генерланиот директор на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека се преземаат сите потребни мерки за заштита на вработените, а истовремено и мерки за да се обезбедат потребните 80 проценти струја за потребите на државата.
„Во моментов ги произведуваме потребните количества на енергија, немаме зголемена побарувачка во однос на нашата испорака кон ЕВН. Истовремено ги насочуваме сите наши сили и ресурси кон РЕК Битола. Сметаме дека ќе ги исполниме обрските и задачите , но истовремено апелираме кон граѓаните и фирмите максимално да ја штедат енергија зашто таа значи и живот“, рече Ковачевски.