2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, превентивна активност на СВР Битола

 
Денеска (03.04.) полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Битола,  Територијалната противпожарна единица Битола како и екипа на Итна медицинска помош Битола   во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.

Битолчани против депонија во Пелагонија бараат формирање на координативно тело и организиран настап 



Формирање на координативно тело на протестите и организиран настап пред институциите, бараат граѓани на Битола на вечерашниот протест против депонија во Пелагонија што се одржува пред Општина Битола. Трета среда по ред, граѓани излегоа на мирен протест против изградба на регионална депонија на територијата на Општина Новаци. На протестот што започна пред зградата на Општина Битола, насобраните граѓани се изјаснија против изградба на регионална депонија, во близина на  Битола. Бараат надлежните да најдат друга локација за реализација на проектот. За граѓаните кои протестираат е спорно и тоа што според проектот, на депонијата кај Новаци смет ќе одлагаат 18 општини од Југозападниот регион. 

"Мора да се организираме со координативно тело и да настапиме организирано, не вака. Мора да има барања поврзани со нашиот проблем, а не вака само со блокада на улицата и пред зградата на општината каде внатре нема никој.  Море да се има контитуитет. На депонија ќе се носат 300 до 320 илјади тони отпад", рече Тони Апостоловски, говорник.

На ова имаше негодување од присутните. Зоран Лазаровски-Паљо кажа дека е зачуден од излезноста на битолчани на протестот и дека ги има во се помал број, наместо масoвност. 

Битолчани против депонија во Пелагонија бараат формирање на координативно тело и организиран настап 



Формирање на координативно тело на протестите инорганизиран настап пред институции, бараат граѓани на Битола на вечерашниот протест против депонија во Пелагонија што се одржува пред Општина Битола. Трета среда по ред, граѓани излегоа на мирен протест против изградба на регионална депонија на територијата на Општина Новаци. На протестот што започна пред зградата на Општина Битола, насобраните граѓани се изјаснија против изградба на регионална депонија, во близина на  Битола. Бараат надлежните да најдат друга локација за реализација на проектот. За граѓаните кои протестираат е спорно и тоа што според проектот, на депонијата кај Новаци смет ќе одлагаат 18 општини од Југозападниот регион. " Мора да се организираме со координативно тело и да настапиме организирано, не вака. Мора да има барања поврзани со нашиот проблем, а не вака само со блокада на улицата и пред зградата на општината каде внатре нема никој.  Море да се има контитуитет. На депонија ќе се носат 300 до 320 илјади тони отпад", рече Тони Апостоловски, говорник. На ова имаше негодување од присурните. Зоран Лазаровски-Паљо кажа дека е зачуден од излезноста на битолчани на протестот и дека ги има во се помал број, наместо масивност. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани