2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денес, во организација на прифатилиштето „Хачико“ од Битола, беше одбележан Светскиот ден на бездомните животни со топол и полн со љубов настан. Под ведро небо и во весела атмосфера, се собраа голем број активисти, волонтери и љубители на животните заедно со насмеани ученици и средношколци.

 
Младите имаа прекрасна можност да се запознаат и дружат со дел од милите штитеници на прифатилиштете кои ја почувствуваа грижата и топлината на човечкото срце кај нас во прифатилиштето. Освен игра и гушкање, учениците одблиску дознаа што значи да се биде активист и волонтер, и колку малите дела на добрина можат да направат голема разлика во животот на овие животни.
 
Овие моменти нè потсетија дека секое животно заслужува љубов, топол дом и сигурност. Дури и една прошетка, насмевка или гушкање може да значи свет за нив. Ве охрабруваме сите што чувствувате љубов кон животните да се приклучите – како волонтери, донатори или едноставно со поддршка и споделување на приказните на овие мали херои. Заедно можеме да направиме многу за нив,  чекор по чекор, шепа по шепа.
Голема благодарност упатуваме и до@Petplus Macedonia кои верно не следат и не помагаат  на  вакви организирани настани и во секојдневната работа и грижа. Нашите штитеници се среќни и се радуваат на секоја ваша донација. 
Во оваа прилика уште еднаш сакаме да упатиме голема благодарност до оние кои  се грижат за здравјето и за цел хуманиот третман и здравствена заштита на нашите бездомни кучиња - Докторите од ветеринарни  амбуланти.

Битолскиот Музеј блеска со реконструираната фасада! Фото Апла.мк

Фотографката Ивона Кочов со неверојатно убава фотографија од Битола!

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Од: Пелистерка АД Скопје, заедно со поврзано правно лице ТИМОХ ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери во Стопанска банка АД Битола со 21.85% од акциите.
 
„НЕ ПОСТОИ ОДЛУКА НА АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ ЗА ПРОДАЖБА НА БАНКАТА“
 
Почитувани,
 
Како носители на 21.85% од акциите на Стопанска банка АД Битола и во својство на квалификувани акционери сакаме да им укажеме на сите други помали акционери, севкупната македонска јавност како и на одредени засегнати страни дека банкарскиот пазар во Македонија е целосно регулиран преку Народна банка на Република Северна Македонија.
Сакаме да потенцираме дека секоја информација во однос на било каква трговија со акциите на Стопанска банка АД Битола, а поголема од 5% мора да биде одобрена од Народна банка на Република Северна Македонија. Исто така секој потенцијален инвеститор кој има намера да се стекне со поголем дел од акциите, најпрво мора да добие одобрување од НРБ, па дури потоа да достави соодветна понуда до акционерите.
Секоја постапка како и евентуални преговори без следење на оваа законска регулатива и без вклученост на НРБ се во сферата на шпекулативни информации и дополнително укажуваме на постоење на основани сомневања за кривична одговорност.
Како квалификувани акционери сакаме јавно да информираме дека до овој момент не постои одлука на Акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола и никој не може да ја донесе истата без согласност на мнозинството акционери.
Апелираме до медиумите и засегнатите страни да се воздржат од пласирање на шпекулативни информации до оддржување на Акционерското собрание бидејќи истите може да предизвикаат штета на тековното работење на Стопанска банка АД Битола. 
Го охрабруваме Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола да свика Акционерско собрание со цел да ја усвоиме завршната сметка која укажува на одлични резултати на банката.

Фото: Претставено творештвото на младата уметничка Билјана Толевска-Наумовска пред охриѓани.Триесеттина дела од поновото творештво на младата уметничка Билјана Толевска-Наумовска од Битола вчеравечер беа изложени во Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид. Присутните на изложбата насловена „Течни денови“ имаа можност да погледнат дела кои се изработени во акварел и лавиран туш.Изложбата беше отворена од страна на Драган Ристевски, галерист, кој истакна дека суптилната игра на авторката со акварелот како и прецизните потези со перото, нијансите и водатата нанесени на хартија, се заедно, длабоко допираат до нашите емоции, често подзатскриени.

Природните простори, цели пејсажи всушност се само средства да се прикажат внатрешните затскриени чувства, емоции како и траги од минатато, интмните доживувања. Притоа впечатливите ликовни претстави и потези непосредно доживеани силно влијаат врз реципиентот. Колоритот е повеќеслоен, од прозначни нијанси на пејсажот до силни динамични и предизвикувачки, напати драматични и вознемирувачки природни мотиви и состојби. Ако Македонија и Охрид го имаа меѓународно вреднуваниот Вангел Наумовски, еве силна почетна најава. Имаме сликарски следбеник од Битола. Според насловот на изложбата „Течните денови“ заедничка нитка на обата автора е водата, акварелот, истакна Ристевски.

 

Од Битола, од срце за Кочани!

 
ФК Пелистер, љубителите на фудбалот во Битола, навивачката група „Чкембари“ го исполнија ветеното. Приходот од билетите од натпреварот од 25. коло на Првата фудбалска лига е дониран за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Исто така независно од натпреварот, навивачката група „Чкембари“ реализираше индивидуална акција во која собра дополнителни средства кои се додадени во донацијата. Нашиот град и нашиот клуб уште еднаш ја покажа својата хуманост и човечност во тешките моменти за нашата земја и нашите граѓани. Да не се повтори...

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани