2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, неколку години назад не собра храброст да се појави пред  Советот на Општина Битола и да даде отчет пред советниците, како се трошат парите на битотолчани.  Во исто време советниците од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ги аминуваше сите буџети  и одлуки на Талески.

Кандидатката за градоначалник од СДСМ, Наташа Петровска, вчера и практично ја покажа својата заложба за почиста Битола. Таа на велосипед им се приклучи на граѓаните учесници во вело турата низ Битола.

По подолг период, да не речем за првпат официјално, почната е постапка за меѓународно признавање, сертификација на скијачката патека „Копанки“. Ова за да се добие меѓународна норма и  да може да се организираат натпревари од национален и меѓународен карактер. Ако до почетокот на оваа сезона ја добиеме сертификацијата ќе значи многу за развојот на туризмот на Пелистер.  

-Во земјава годишно има над 1300 смртни случаи како последица на нездравиот воздух. Од загадувањето имаме зголемен морталитет и морбидитет или заболувања и умирања. Анализите што ги направија експерти од Светска банка, врз основа на еколошки и здравствени податоци издадени од Институтот за јавно здравје, покажуваат дека околу 1350 случаи годишно умираат како резултат на аерозагадувањето, а напоменувам дека Битола е меѓу трите градови каде што е најзагадено.

Ниту во стратегијата за реформи на правосудниот систем, ниту во извештајот на Прибе, не се препорачува генерален реизбор на судиите, туку се препорачува евентуално доколку некои судиите пограшиле и ја злоупотребиле својата положба , тие да бидат променети.

За овој јаболкобер останаа празни и гајбите и џебовите на овоштарите од Преспа.

МАРСОВЦИТЕ ДОАЃААТ

Септември 27, 2017
  1. Во „Ноќта не вештерките“ во 1938 година, радио-драмата „Марсовците доаѓаат“ емитувана на една американска радиомрежа, предизвика паника, сообраќаен хаос, луѓето се дадоа во бегство, телефоните рикнаа, избија немири. Сите мислеа дека малите-зелени навистина слетале на Земјата!

Битола, бабам, Битола

Септември 27, 2017

Познато е дека Битола е најопеан град, а битолчани се горди на овој епитет. Битола била инспирација за многумина, за неа испеани се многу песни, некои со антологиски вредности. Меѓу нив, покрај познатата „Битола мој роден крај“ на авторот Ајри Демировски, секако се вбројува и народната песна „Битола, бабам, Битола“.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, за време на чие директорување со јавното претпријатие „Водовод“ цената на водата беше поскапена за 115 проценти, денес не ни одговори конкретно дали ако стане градоначалник ќе ја поевтини водата.

Без говорница и бина, на неформална средба со  битолски дијалект, на која  се зборуваше за најгорливите проблеми на битолчани, и се нудеа конкретни решенија и проекти. Вака звучеше вечерва свечената промоција на кандидатите за советници на независната листа предводена од Габриела Илиевска, во дворот на Интимен театар во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани