2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Ова е Клиничка болница, а не ветеринарна станица им било кажано во повеќе наврати на сопствениците кои слободно ги пуштаат коњите да пасат во дворот на битолската болница.

На гинеколошкото одделение во битолската болница, покрај реконструираните болнички соби , сега повторно на располагање на родилките им е реновираната ВИП соба, која извесен период не беше во употреuба. Управниот одбор на болницата донесе одлука за оваа соба на гинеколошкото одделение да се наплаќаат симболични 300 денари на ден

Хуманитарката Марија Русенгрен, по потекло битолчанка која денес живее во Шведска, преку НВО „Од рака на рака“ во битолската Клиничка болница донираше медицинска опрема од 300 000 евра.

Борче Димитровски, поранешниот директор на Центарот за култура-Битола , сега советник во Советот на општината , вчера  зборувајќи од советничката говорница, дали треба или не треба , да се формира комисија за испитување на работата на Општината и бившиот градоначалник Талески, не пропушти сам да се пофали,  како директорувал и што практикувал.

Слушам како  сегашната опозиција обвинува за популизам и не можам да си поверувам на ушите. Филмот ми се враќа пред две и пол години во кабинетот на нашиот актер и градоначалник. Пред очи ми излегува еден сертификат чија содржина  новинарите не можевме да ја дешифрираме иако беше на англиски јазик. Простете и на нашата маленкост, а можеби и неукост , но не можевме точно да разбериме за што ни е наградена општината. Беа наведени повеќе квалификации, ама се некако описни, ништо допирно. Тогашниот градоначалник ни рече „не прогласија за лидери во Лас Вегас!“

Непознати сторители го искршиле стаклото од просторииите на Почеснит конзулат на Руската Федерација во Битола, кој се наоѓа на Широк Сокак, на плоштадот Магнолија.

На расправата на втората сединца во Советот на општина Битола за формирање на комисисии, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се пожали дека е маргинализирана во составот на комисиите  кои за нив се значајни и бараат поголема застапеност. Од владеачкото мнозинсво велат дека испочитувана е пропорционалната застапеност на сите советнички групи во советот.

Валентин Груевски, новиот претседател на Советот на Општина Битола  му одржа „лекција“ на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Борче Димитровски, инаку  адвокат по професија, што значи да се има процедурална забелешка на  водењето на седницата на Совет, а што значи политички говор и злоупотреба на говорницата .

Формирање на привремена советничка комисија која ќе го испита работењето на општина Битола и екс градоначалникот Владимир Талески за периодот од 2005 до 2017 година, побара советничката Габриела Илиевска од „Поинаку“ на денешната седница на Совет во Битола.

На 75 –годишна возраст почина Живко Радевски, поранешниот директор на Битолската млекарница. Погребот ќе биде утре на Светонеделските нови гробишта во 12 часот, а посмртните останки претходно ќе бидат изложени во капелата на цркавата Света Недела.

Радевски беше директор на ИМБ „Битола“ до нејзината продажба. За време на неговото менаџирање со компанијата, млакарницата успеа да постигне голем успех на домашниот и странските пазари. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани