2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Партиски митинг во салата во општина Могила одржа синоќа ВМРО-ДПМНЕ за поддршка во вториот круг на изборите на Стево Пивковски, кој тврдеше дека е независен канидадат.

Пивковски, срдечно го пречека и се поздрави со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувески, кој, на истото место, пред четири години,  во кампањата за локалните избори го нарече преварант. Синоќа заедно им се обратија на могилчани и ја побараа довербата од нив.

ЕЛЕМ започнува со преземање на мерки кои во иднина ќе го намалат загадувањето на животната средина, а на компанијата ќе и ја донесат долгоочекуваната А- интегрирана еколошка дозвола. Во таа насока денес во РЕК се одржа презентација на проект за десулфуризација од страна на експерти од кинеската компанија „JET inc“.

По повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Словенија, денеска, словенечка делегација предводена од Амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец и министерот за Словенци во странство од Владата на Република Словенија, Горазд Жмавц беше во посета на општина Битола. Делегацијата и претставници на словенечкото здружение „Триглав“ од Битола, се сретна со градоначалничката Наташа Петровска, која е и првата официјална средба што се оствари откако Петровска ја презеде функцијата градоначалник.

Клучот од општина Битола денес заврши во рацете на новата градоначалничка Наташа Петровска. Симболично, по влегувањето во градоначалничкиот кабинет, и го даде екс градоначалникот Владимир Талески. Овој клуч не само што ја отклучува општинската врата, туку е и вреден сувенир кој се доделува по втор пат во историјата на градот. Првиот клуч беше направен пред десетина години и подарен на француската општина Епинал по повод 40 години од збратимувањето со Битола.

Пратениците Васко Ковачевски од СДСМ и Горан Милевски од ЛДП присуствуваа на денешната конститутивна седница на битолскиот Совет. Тие и честитаа на новата градоначалничка Наташа Петровска и на советниците од новиот состав за мандатите.

-Имав покана, но и моја обврска беше да присуствувам на седницата, да им посакам успех на сите избрани членови на Советот. Се надевам дека сите заедно со новата градоначалничка Наташа Петровска ќе работат во интерес на сите граѓани на Битола- рече Ковачевски.

Милевски рече дека со ова се стави крај на коруптивносто владеење на претходната власт.

-Долго го очекував овој момент, да настане промена на власта и да се промени криминалното и коруптивно владеење за кое предупредував уште како советник во 2005 година. Не би го пропуштил овој настан за ништо поради промената на локалната власт,а и за тоа што ЛДП ќе има свој кадар за претседавач на Советот во Битола- рече Милевски. 

На седницата не се појави ни еден од пратниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ни Лилјана Кузмановска, ни кандидатот за градоначалник Зоран Илиоски, кој од Петровска беше поразен во првиот изборен круг.

По долго време гледаме градоначалник присутен во салата на Советот, се надевем дека тоа ќе биде често и нормално, рече Габриела Илиевска, советник од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ на денешената конститутивна седница на Советот на општина Битола на која присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска.Во изминатиот период екс градоначалникот Владимир Талески долго време не се имаше појавено во Советот, па советниците мораа на писмено да му ги праќаат прашањата.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на конституирањето на новиот состав на Советот на Општина Битола   гласаа против предлогот Валентин Груевски да биде новиот претседател на Советот. Без аргументи  и неиздржани критики, опозиционите советници зборуваа за „популизам“ и„ неработење“ како да не беа тие до вчера на власт.

На денешната конститутивна седница, Валентин Груевски од ЛДП, беше избран за претседател на Советот на општина Битола. За негоа гласаа 17 советници од СДСМ и коалицијата, двајца независни советници од граѓанската иницијатива „Поинаку“ и 1 советник од коалицијата на ДУИ. Сите 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.

Конституиран е новиот Совет на општина Битола. Сите членови денес ги  потпишаа свечените изјави дека правата и должностите како советници ќе ги вршат совесно почитувајќи го Уставот, законите, прописите на Советот и дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Македонија.

Доскорешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески денеска, после  речиси 13 години владеење, сам си замина од зградата на  општината. После примопредавањето на градоначалничкиот кабинет на новата градоначалничка Наташа Петровска, Талески излезе од задната страна на општинската зграда. Единствено до неговиот автомобил го допрати досегашниот личен возач, ниту еден друг од неговите вработени, ниту од неговите поддржувачи, не излегоа да го испратат стариот градоначалник . Талески влезе во автомобилот и тивко си замина.   

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани