2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Утре во 10 часот во салата на Советот на Општина Битола свечено ќе им бидат доделени уверенијата на избраните советници и градоначалниката на Општината, Наташа Петровска. 

На овие локални избори паднаа и бастионите на ВМРО-ДПМНЕ во руралните средини, односно селата во кои оваа партија, традиционално книжеше гласови на свое конто. Очигледно не помогнаа и милионските суми за субвенции за земјоделците,со кои  во изминатите години се фалеше Владата на Груевски  и каде партијата ги имаше своите најголеми поддржувачи.

-Дојде до една колизија, потоа тие навјасаа, народот влезе во една апатија, секое утро имаше шари на небото веројатно прскале со евтини седативи. Како илустрација би додал, дека во Лондон пред 15 години била хемиски анализирана водата преку навладини организации и откриле дека има огромни количини прозак во водоводот. Кој пие вода од водовод? Сиромашните, пролетерите. Кои се најгневни во општеството? Најсиромашните, најмизерните. Ги дрогираат преку вододвод. Имам чувство дека и ние на некој начин сме запрашувани. Го толкувам ова со маса стратешки акции меѓу кои тој алуминиум го прскаат и не трујат сите, па стануваме се поиндолентни, се поапатични.  

На два дена пред избори досегашната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, набрзина го избра годинешниот добитник на Наградата за животно дело „4 Ноември“ во Битола, која традиционално секоја година ја доделува општината на заслужни битолчани.

Функционерите од ВМРО-ДПМНЕ не успеаја  да освојат повеќе гласови од противкандидатката на СДСМ, Наташа Петровска дури ни во населбите каде што живеат во Битола. Резултатите од Државната изборна комисија покажаа дека на гласачките места каде што гласале нивниот  кандидат за градоначалник Зоран Илиоски, пратениците и другите локални фукционери од ВМРО-ДПМНЕ, имало повеќе гласови за Петровска, некаде дури и рекордни.  

Победничката коалиција  на локалните избори во Битола,  предводена од СДСМ , за една недела очекува да го формира и новиот состав на Советот на Општина Битола, во кој освои мнозинство  советнички места.

-Нашите информации се дека во текот на утрешниот ден, ќе ги добиеме сертификатите, за советници и за избор на градоначалник . Очекуваме во среда да биде првата конститутивна седница на Советот  на Општина Битола –изјави Валентин Груевски, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата и иден  претседател на Советот на Општина Битола.

Постигнавме апсолутен рекорд по бројот на освоени гласови во плуралистичка Македонија, и за градоначалник и за советничка листа , рече Валентин Груевски , носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата, денеска на прес-конференција, заблагодарувајќи им се на граѓаните на Битола , за огромната поддршка на  локалните избори  во неделата.

-Победата на коалицијата „Живот за сите“ на локалните избори е величествена , над очекувањата, чиста како солза, победа на која не може да и се стави ни најмала забелешка-рече Груевски, кој ќе биде идниот претседател на Советот на Општина Битола.   

Новата локална власт  ќе направи ревизија на сите обиди за „лов во матно“, во периодот на транзиција на власта, велат од СДСМ, откако денеска новинарите на прес конференција прашаа дали општината е без секретар, кој претходно сам се разрешил, а потоа се назначил на друга функција - раководител на одделението за финансии, по што заминал на годишен одмор.

Разликата од речиси 14 илјади гласови меѓу кандидатите за градоначалник на Битола, Наташа Петровска од СДСМ и Зоран Илиоски, од ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат дека битолчани избраа живот во Битола и ги казнија погрешните политики на досегашната локална власт, рече Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО на СДСМ на денешната прес конференција

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани