
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Непознато лице со тврд предмет ги издупил столбовите од стиропор на новоизграденото кино „Манаки“ на Широк Сокак. Со ова повторно на виделина излезе вистината за градбата на киното, односно дека украсните орнаменти на фасадата не беа изградени од цврст градежен материјал, туку од стиропор.
Македонија спаѓа во групата на делумно слободни земји и значајно е да се отворат дискусии за слободата, беше истакнато на Регионалната конференција на „Студенти за слобода“која денес се одржа на Техничкиот факултет во Битола. Целта беше промоција на индивидуалните, политичките, економските, студентските, па и медиумските слободи.
-За слободата на Македонија постојат меѓународни мерења според кои, Македонија се наоѓаше во делумно слободни држави во однос на почитувањето на човековите права и слободи, инаку во однос на значањето на слободата сите посткумунистички држави кои произлегоа од поранешена Југославија или од поранешните комунистички држави се наоѓаат во едно премрежје, односно пред предизвик како да ја третираат слободата. Тоа ние го гледаме во една Русија која во последните мерења гласи за неслободна држава, па во Унгарија , членка на ЕУ, кадешто постои значително намалување на слободата, па и во Турција која за многу брзо време падна во категоријата на делумно слободни држави со зајакнувањетио на политичката власт на актуелното раководство во Турција- рече проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет во Битола.
Никола Петровски, координатор на „Студенти за слобода“ во Македонија рече дека ова е прва конференција од ваков вид во земјава , но една од 18 конференции кои се организираат во Европа оваа година.
-Значајна е заради тоа што се отвораат теми кои ретко се зборуваат, теми за слободата опфатена од повеќе аспекти. Зборувавме за политичките аспекти на слободата, слободата на медумите, фриленс новинарството, легализација на канабисот. Во нашето работење најмногу го опфајќаме академска слобода. Доколку има слобода студентот да се изрази во академски дух, тоа ќе придонесе тој да се изгради во личност која ќе ја цени слободата и ќе придонесе за изградба на едно слободно општество- рече Петровски.
На конферемнцијата главен говорник беше извршниот директор и виш истражувач на Страјкер Пирс, Брајан О’Шеа, кој зборуваше на тема „Разоткривање на шпионажата“ и посочи одредени примери како може да се препознае разузнавањето и како да се заштитиме од истото.О’Шеа има повеќе од 20 години искуство во областа на истраги и разузнавање, работејќи како воен разузнавач за две специјални единици и две државни агенции.
На конфернецијата се отвори и темата за медиумските слободи и слободното фриленс новинарство од Бил Вирц, фриленс новинар од Брисел и Љубица А. Манговска, новинарка и програмски менаџер на Тера ТВ.
Ектереното тестирање се укина. На Кембричот му се ближи крајот. И дел од учебниците во иднина ќе се менуваат. Но, ќе треба многу време образованието да се врати во колосек. А последиците од спроведениот експеримент ќе бидат трајни кај некои ученици. Дури претходната власт сееше страв со екстерното, ги товареше наставниците со административни работи, ги казнуваше, заборави дека образованието постои заради учениците.
На социјалните мрежи објавено е видео од настанот кога пред неколку недели досегашниот градоначалник Владимир Талески беше посипан со пари наречени Транспортерки во свечената сала на општина Битола. Герила акцијата се случи за време на средбата на Талески со доброволци кои се вклучиле во гасењето на огнот на Пелистер.
Вака се паркира на пешачки премин во Битола, кој не видел да знае!
Паркирањето на пешачкиот премин кај Шик-Симпо на улицата „Партизанска“ трае со часови, и не е воопшто проблем, несовесните возачи да се „фатат на дело“, ако се сака , де.
-Денес е свечен ден за општина Битола, се офицајализираа резултатите од локалните избори 2017 година. Од денес почнува работата на советниците и новата градоначалничака.
-На сите избрани советници им честитам, а на ОИК-Битола и се заблагодарувам за спроведените демократски избори, а им благодарам и на граѓаните кои на 15 октомври, достоинствено и мирно излегоа на избирачките места и го дадоа својот глас онака како што мислеа дека треба да го дадат.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и колиционите партнери денес не дојдоа да си ги подигнат уверенијата на свеченоста што беше организирана во Советот на општина Битола. На свеченоста присуствуваа сите останати советници, а од опозицијата велат не дошле зашто не било пракса да се организираат свечености, туку уверенијата да се доделуваат на конститутивната седница.
-До сега не се организирале свечености, туку на конститутивната седница се подигале уверенијата и се давале заклетвите. Така и ние ќе се појавиме на конститутивната седница. СДСМ да престане со популизмот, изборите завршија, време е да се зафатат со работа, ја имаат апсолутната власт ќе имаат и апсолутна одговорност- вели Борче Димитровски, носителот на кандидатската листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.
Новата градоначалничка Наташа Петровска запрашана дали очекува во иднина конструктивност од опозицијата со оглед дека не се појавија на доделувањето на уверенијата, изјави дека не би сакала да коментира какво би било нивното однесување во иднина.
-Која е причината зошто денес не се присутни најдобро си знаат. Сакам да бидам убедена дека сите избрани советници ќе се залагаат за интересите на граѓаните на Битола - рече Петровска.
Од Општинската изборна комисија изјавија дека роковите за поднесување на приговори за локалните избори поминаа, за Битола немаше приговори, па констатирале дека објавените резултати се конечни.
-По тој повод беше организирана и денешната свеченост кога се доделуваа и уверенијата за градоначалник и за советниците. И минатиот состав на Советот имаше свечено доделување на уверенијата и тоа токму во истата сала- рече Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија.
Во новиот Совет за првпат по три мандати мнозинството ќе биде на СДСМ. Тие со коалиционите партнери освоија 17 советници, ВМРО ДПМНЕ 11, Поинаку 2 и ДУИ 1.
По завршувањето на Локалните избори кои се одржаа во неделата на 15ти октомври, Општинската изборна комисија – Битола го додели уверението за избран градоначалник на кандидатот од коалицијата предводена од СДСМ, Наташа Петровска. На свеченото доделување на уверението, Петровска рече дека очекува што поскоро примопредавање на функцијата градоначалник.
