
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наташа Петровска, која успеа да стане градоначалничка на Битола, издвојувајќи победа уште во првиот круг, вечерва им се обрати на морето од насобрани битолчани кои славеа пред штабот на СДСМ.
Штама пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Под клуч е вечерва седиштето на партијата на Никола Груевски во строгиот центар на Битола. Колегите кои се терен велат дека „нема жива душа во комитетот“ ,
Наташа Петровска е новиот градоначалник на општина Битола.
СДСМ и коалицијата слават. Наташа Петровска води убедливо со над 7500 гласови, пред Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ . Пратеникот Васко Ковачевски најави победа за градоначалник на Општина Битола ,и убедливо мнозинство во Советот. Според аналитичкиот центар на СДСМ, од обработени избирачки места 17000 гласови одат на контото на Наташа Петровска , наспроти 9300 гласови за Зоран Илиоски. Од СДСМ велат дека„ граѓаните на Битола докажаа и покажаа дека сакаат живот во Битола за сите“.
Според информации од ОО на СДСМ, од обработени гласови од 38 избирачки места, СДСМ е во водство.
Тројца битолчани денеска се приведени и задржани во СВР-Битола, поврзани со денешното гласање за локалните избори, потврди портпаролот на полицијата, Лефтерија Миленкоска, за апла.мк. Миленкоска , само потврдува дека три лица се приведени во полиција и со нив се работи, но не кажува за каков случај станува збор. Подетални информации таа најави за подоцна. Неофицијално се зборува дека се работи за поткуп на гласачи.
„Очекувам локалните избори да бидат мирни, демократски, слободни зашто помина времето на уцени, пристисоци.
„Денес Битола се наоаѓа пред најголемата одлука.
Забележани се случаи на масовен транспорт на гласачи со комбиња од битолската населба Баир, соопшти Џабир Дерала од невладината организација „Цивил“.
Гласањето на фер и демократски избори е празник на демократијата. Во политиката, она што е најважно е гласот на народот. Јас сум длабоко убедена дека битолчани денес, слободно, најдемократски ќе го кажат својот збор. Јас сум сигурна дека денес, во Битола, ќе биде завршена работата што се однесува до локалните избори , рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата на денешното гласање во избирачко место во ОУ „Кирил и Методиј“ во Битола.
