
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По завчерашниот пораз на локалните избори, владее молк од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Од партијата немаа ни јавно обраќање, а нивниот поразен кандидат за градоначалник Зоран Илиоски до граѓаните се обрати преку фејсбук.
Идната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, дури ни во еуфоријата и среќата од постигнатите резултати, ден по изборите, не ги заборави своите колеги од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола. Како во времето додека беше професор по математика во ова училиште, таа утринското понеделничко кафе го испи со колегите во училиштето.
Независната листа „Поинаку“ освои две советнички места во новиот состав на битолскиот Советот. Идните советници ќе бидат: носителката на независната советничка листа Габриела Илиевска и вториот на листата Иван Чулаковски.
Камерта на ТВ Орбис која вчера беше поставена во прес центарт на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, за линковски, во живо, да ги пренесува прес-конференциите на оваа партија, цела ноќ остана заклучена во партискиот штаб.

Поранешен вработен во Општина Битола, сега пензионер, утрово отишол во зградата на Општината и свирејќи со свирче ја најавил победата на Наташа Петровска на вчерашните локални избори.
Нашата работа ќе биде видлива, транспарентна и отчетна. Советот ќе биде подршка на новиот градоначалник, но и коректив на нејзината работа, на работата на општинската администрација, порача Валентин Груевски , носител на листата на СДСМ и коалицијата.
-На 16 октомври да го почестиме Талески со едно големо сиктер кафе, како симбол дека тој, неговите пајташи и политиките кои ги водеше никогаш повеќе не смеат да и се случат на Битола, порача Груевски во изборната кампања.
СДСМ и коалицијата-17 советнички мандати, ВМРО-ДПМНЕ -11, „Поинаку“ -2 советника, и коалицијата на Албанците „За Битола“ -1 советник, ваква е сликата од вчерашното гласање на шестите по ред локални избори во Битола за новиот состав на Советот на Општина Битола.
Битола за првпат ќе ја води жена.
Наташа Петровска од СДСМ ја доби довербата на граѓаните во првиот круг и ќе биде првата жена градоначалник во Битола.
Досега со градот управуваа само градски татковци.
Битолчани избраа живот во Битола за сите, порача пратеникот од СДСМ, Васко Ковачевски. Тој ги соопшти податоците од аналитичкиот центар на партијата , па од обработени 75 проценти на податоци од избирачките места рече дека водството на Наташа Петровска е убедливо.
