
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Река вода се слева во дворот и по скалите во средното техничко општинско училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, најверојатно заради пукната водоводна цевка.
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Битола –Ресен околу 14 часот и 50 минути, животот го загуби мотоциклистот Б.А. (36) од Битола, потврдуваат од СВР Битола.
Незгодата се случила на планинскиот превалец Ѓавато, во близина на црквичето, при судир на два мотоциклисти, кои излетале од патот.
Итната помош двете лица веднаш ги транспортирала во битолската Клиничка болница, но лицетот Б.А. починало на патот до болницата.
Во моментот екипи од полициската станица во Ресен и ОЈО вршат увид на местото на настанот. Се уште не се познати причините за судирот меѓу двајцата мотоциклисти.
Во Могила своето право на глас до 17 часот го освариле 49,30 проценти од 5554 запишани избирачи. Сите 23 избирачки места утрово во општина Могила беа навреме отворени.
Пред избирачкото место 193 во село Радобор, во општина Могила, полицијата запре возило и при проверката во багажникот пронајде прехранбени продукти и шишиња со зејтин, јавува ЦИВИЛ – Центар за слобода.
Вандали во текот на ноќта ја демолирале урбаната опрема на битолското шеталиште. Позади себе оставиле пустош, превртувајќи ги и уништувајќи ги жардинерите со цвеќиња, а исто така искршиле и десетина корпи за отпадоци.
Денес Могила и Новаци избираат градоначалник. Во овие две пелагониски општини има прегласување во вториот круг од локалните избори, откако во првиот не успеаја да изберат кој ќе ги води во следните четири години.
Битола е еден од градовите од внатрешноста која дала најголем број на новинари, камермани, фоторепортери и други медиумски работници. Тешко е да се утврди точната бројка, но се проценува дека низ битолските медиуми до денес поминале околу 250 медиумски работници.
Кругот на општинската зграда во Новаци, од синоќа е излепен со изборни плакати на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Котевски.
Владимир Талески нема да се повлече од јавноса. Веќе нема да го гледаме во градоначалничкиот кабинет, туку на театарските штици. Откако му истече третиот градоначалнички мандат, тој денес покрена постапка за да се врати како актер во Битолскиот народен театар.
Аматерскиот документарен филм „Пофалба за црвената телефонска кутија“, во траење од 8 минути, на авторот од Велика Британија, Џејмс Калмерс е добитник на „Гранд-при“ , наградата на 25- Интерационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера-300“-Битола. Наградените филмови на годинешното јубилејно издание на фестивалот ќе бидат прикажани во два дена , денеска и утре во две проекции во малата сала на Центарот за култура во Битола.
