2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

-Низ годините и вековите наназад, стремежот на македонскиот народ беше борбата за слобода. За таа борба некој не го жалеше ни најдрагоценото, својот живот, затоа што битката за слобода нема цена. Токму затоа денеска одаваме почит и признание на оние кои што се бореа за слобода, за демократија, еднаквост, за живот. На сите битолчани им го честитам денешниот празник, Битола е слободна, слободно живее, реча Васко Ковачевски, претседател на ОО на СДСМ – Битола

Со прием во кабинетот на градоначалничката  Наташа  Петровска на претставници на Сојузот на борци од Битола, почнаа денешните активности за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

По капитулацијата на Бугарија, продолжувајќи ја борбата против германските единици што се повлекувале од Грција кон Албанја и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско-костурската бригада, уште позасиелно ги напаѓале германските колони и им нанесувале тешки загуби во луѓе и техника.

Широк Сокак вечерва беше  полн енергија, детски насмевки, медали и дипломи. По 58 –ми пат в очи прославата за ослободувањето на Битола се одржа традиционалната ноќна атлетска трка.

Во кугланата во спортската сала „Младост“, вчера заврши градското првенство во куглање во организација на Кугларскиот клуб „Хераклеа“ од Битола. Турнирот за првпат е дел од четвртоноемвриската програма на општината, а на доделувањето на наградите присуствуваа градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска, пратеникот Васко Ковачевски, претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, како и советниците Методија Илиевски, Борче Корлевски, Тони Коњановски и Иван Чулаковски.

Фотографии од работни простории во Фабриката за опрема и делови (ФОД) во Битолско кои се исполепени со вмровски симболи- лавови, беа испратени до редакцијата на Апла.мк. Испраќачите посочија дека симболите се изложени во вид на амблеми, постери и резбарии во работилницата кај шефовите. Реагираат дека ова е фабрика, а не  партиски штаб и дека на ова место влегуваат и вработени со друга политичка припадност, па во ред е да се отстранат.  

Улицата „Широка“ на битолскиот Баир, повеќе од една година е раскопана, со искршен асфалт и ивичници, иако таа  е улицата со чие асфалтирање прво се пофали бившиот градоначалник Владимир Талески откако излезе од куќниот притвор, осомничен за криминал со бесплатниот школски  превоз тежок 360 000 евра.

Се поголем е бројот на млади луѓе во Македонија, што се охрабруваат да отвора свој бизнис, но се уште треба да се работи за развивање на претприемничкиот дух и да се зголемуваат можностите за младите да се убедат да размислуваат во насока на отворање на свој бизнис.

Градоначалничката Наташа Петровска, вечерва,  најави скромна прослава за роденденот на Битола, а дел од средствата предвидени за таа намена ќе бидат пренаменети во други цели. Но, сепак таа посочи дека општината има и изненадување за битолачани.

Нула, вака новиот директор на битолската Клиничка болница, Зоран Лазаров ја оцени состојбата во која ја затекнал установата одговарајќи на  новинарско прашање на кое место на скала од еден до десет би ги сврстил наследените состојби.

„Од почетокот размислувавме дали да одржиме прес да видите во каква состојба е болницата, но одлучивме да не се жалиме, да почнеме од тоа што го затекнавме и со текот на времето да покажиме дека одиме на подобро. Нас ни е целта да ја вратиме на она ниво на кое функцинираше, треба време. Се трудиме, работиме интензивно“, рече Лазаров.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани