
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на својот ФБ профил објави фотографија од денешната средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на која напиша
„Офицерски дом е наша заедничка обврска - ќе биде и наша заедничка гордост!“
Иако на паркингот пред Центарот за култура, паркинг местата се бележани на самата улица, некои возачи во изминатиот период се паркираа и на тротоарот. Со таквото несовесно однесување ги оштетија бехатон плочките со кои беше уреден делот од пешачката зона во центaрот на градот. Не е доволна само декларативна заложба за посреден град, туку треба на дело со своето однесување сите да покажат како се залагаат за поубава Битола.
Поради штрајк на грчките цариници, денеска на 9 ноември, преку граничниот премин Меџитлија, односно Ники на грчка страна, се пропуштаат само пешаци, додека сообраќајот за мотрони возила е во прекин, соопштуваат од МВР. Штрајкот започна во 05.00 часот и ќе трае до 05.00 часот на 10.11.2017 година.
На граничниот премин „Богородица“ (граничен премин „Евзони“) штрајкот започнал во 05.00 часот и ќе трае до 23.00 часот на ден 09.11.2017 година. Најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе биле пропуштани.
На граничен премин „Стар Дојран“ (граничен премин „Дојрани“) започнал во 05:00 часот и ќе трае до 23:00 часот на 09.11.2017 година. Во наведениот временски период ќе бидат пропуштани само пешаци, а патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правци. Исто така и товарниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција е во прекин од 09.00 часот утринава.
Загина 19 –годишниот битолчанец Ѓорѓи Т., а неколкумина други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово околу 8 часот се случила меѓу три патнички и едно товарно возило на патот Битола-Прилеп кај Петилеп, потврдија зa Апла.мк од битолската полиција.
Во сообраќајната несреќа учествувале три моторни патнички возила и едно товарно возило. Но, засега нема податоци како дошло до сударот. Тоа биле „рено твинго“ и „шкода“ со битолски регистарски таблички, мерцедес со скопски и камион „ман“ со велешки регистарски таблички. По сообраќајката возилото „мерцедес“ било изгорено.
Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител и екипа од СВР..
Студентските парламенти останати како реликвија на минатиот систем не само што не ја исполнуваат целта за која постојат туку и упатуваат на погрешна слика за тоа што претставува студентското организирање и вклучување на студентите. Ова меѓудругото беше истакнато на консултациите за студентско организирање што се одржаа на Правниот факултет во Битола во присуство на повеќемина студенти, младински и образовани организации.
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, ќе седне на обвинителна клупа за негрижата за битолскиот Офицерски дом. Основното јавно обвинителство од Битола поднесе обвинение за Талески за кривично дело „несовесно работење во службата“ затоа што, иако бил должен да обезбеди одржување, не презел се што е потребно за заштита на објектот кој е во надлежност на општина Битола. Од Основниот суд во Битола, за Апла.мк потврдуваат дека главната расправа за овој судски процес, која требаше да се одржи вчера е одложена по барање на одбраната на Талески.
Да се направи ребаланс на буџетот побара од Советот градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Веднаш по превземањето на функцијата Петровска, со своја екипа, почна да прави анализа на финансиската состојба на општината, на она што наследила во општинската каса и колкави се долговите.
Улиците во центарот на Битола се во очајна состојба, раскопан асфалт, дупки како кратери, пропаднати шахти, а после секој дожд езерца.
Се конституира Советот на општина Новаци, а за претседател е избран Наумче Смилевски од СДСМ, со 5 гласа за и четири воздржани.
Новиот општински Совет брои девет советници, четворица од кандидатската листа на СДСМ, исто толку советнички мандати освои кандидатската листа и на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и еден советник од независната листа на Стефан Каранфиловски.
Новиот претседател на Советот, Смилевски, на присутните советници им се заблагодари на изборот и изрази надеж за понатамошна соработка.
Честитајќи им го изборот на новите советници градоначалникот на Општина Новаци , Љубе Кузманоски, рече дека малкумина ја имаат честа да бидат советници, што е истовремено и привилегија, но и одговорност, затоа што оние кои ги избрале по четири години ќе бараат резултати од нивното работење.
„ На сите избрани советници ви го честитам четиригодишниот мандат и се надевам дека сите заедно ќе работиме за да се имплементираат проекти од интерес на сите граѓани и од интерес на развој на локалната самоуправа. Советниците се и посредници помеѓу граѓаните и нивните потреби и локалната власт, кои идеите и проблемите на жителите ќе ги преточат во проекти за доброто на сите, но советниците се и финансиери, затоа што заедно со мене ќе работат на изнаоѓање средства и финансии за реализација на програмите кои ќе ги имплементираме. Посакувам да бидеме сите во функција на граѓаните, со цел по четиригодишниoт мандат да oставимe проекти кои ќе се паметат и со кои ќе се гордееме“, порача Кузманоски.
Алал/Ј’зк
Алал
Алал за транспарентноста на новата портпаролка на СВР Битола, Лефтерија Миленкоска. Достапна е за новинарските екипи преку цел ден, во вечерните часови, па и за викенди. Информациите кои ги дава се навремени и опсежни. Конечно, битолската полиција ја врати транспарентноста кон медиумите што ја имаше пред повеќе години.
Ј’зк
J’зк за нетранспарентноста на повеќе институции во изминатиот период кои останаа затворени за медиумите иако имаа портпароли. Или не одговараа на телефонските повици од новинарите или пак, ако кренеа слушалка кажуваа дека се на боледување, одмор, семинар и слично. Се случуваше да не може да се добијат информaции за настани, а не пак да ги прашате нешто проблемско. За сообраќајките кажуваа кој учествувал, а не и како дошло до несреќата, за тоа требало да сме го прашале обвинителот.
