АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Хуманитарката Марија Русенгрен, по потекло битолчанка која денес живее во Шведска, преку НВО „Од рака на рака“ во битолската Клиничка болница донираше медицинска опрема од 300 000 евра.
-Дониравме кревети, душеци, помагала, електронски апарати и друго. Се што е донесено е со најдобар квалитет. Шведски се прозиводите. Имаме планирано да донесиме уште една донација пред Нова година кон средината на декември и тогаш таа ќе биде вредна 350 000 евра. Ова ни е трет пат како донираме во болницата. Ова искуство што го имаме денес со новите менаџери на болницата и новата градоначалничка ме поттикнува и ми дава големаа желба повеќе донации да донесеме за пократко време- рече Русенгрен.
Директорот на болницата Зоран Лазаров изјави дека оремата ќе биде искористена за повеќе болнички одделенија.
-Со оваа донација се задоволија дел од потребите што ги имавме како болница. Понатамошните донации според плановите што ги имаме, ќе бидат уште повредни. Сето ова ќе биде наменски искористено за повеќе одделенија во болницата, од гинекологија психијатрија и други служби- рече Лазаров.
Од болницата на донатирите им дадоа благодарници за укажаната помош.
Донаторите им се заблагодарија и на новата градоначалничка Наташа Петровска, додавајќи дека благодарение на неа и новиот менаџмент во болницата успеале за две недели да ги завршат сите процедури и донацијата да пристигне на време.
-Секогаш сум велелеа дека љубовта, подадената рака, желбата некој некому да помогне апсолутно не треба да наиде на никакви бариери. Вчера оставривме официјална средба во мојот кабинет со донаторите. Се усогласивме дека апсолутно не смее да постои никаква пречка во одвивањето на целокупните подготвителни активности. Таа усогласеност дава верба дека во иднина вака подадената рака ќе биде топло прифатена во интерес на сите наши сограѓани- рече градоначалничката Наташа Петровска.