2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

Во воспитно-образовната дејност, веќе присутен е подмладок, кој работи со деца, односно поучува и описменува генерации. Едни кадри се пензионираат, други ги заменуваат, нели, како што наложува старосната граница за пензионирање. Но, сведоци сме на ситуации од недостиг на наставен кадар, така што, истите тие кадри, се заменуваат или од „несоодветен наставник“, со известување до просветниот инспекторат, или пак, замената доаѓа од друг град итн. Реалноста е таква, каква што е, за жал, имаме се повеќе млади, кои се насочуваат кон стручното образование или, кон сосема друга дејност, или пак, заминуваат во странство. Помладите наставници (почетници), на самиот почеток од професионалната кариера се приправници, односно една учебна година се консултираат и соработуваат со нивен ментор, кој според програма за работа со приправник, дава насоки, совети, сугестии за подобро одвивање на наставниот процес и секако, му помага на приправникот, со укажувања, да биде подобар и каде треба да се поправи. Соработката помеѓу менторот и приправникот, треба да биде на високо професионално ниво. Само така, најдобро се учи и без проблем, се полага приправничкиот испит. Но, дали е доволно почетникот, само да изведува настава и толку? Секако, дека не е доволно. Кај самиот приправник, треба да постои волја и ентузијазам за работа со ученици, а тоа најдобро ќе се согледа од самиот пристап кон училиштната средина. Не е така лесно, да се биде наставник и да се работи со тој убав, млад свет. Секоја генерација е различна, со посебни барања, потреби и очекувања... Како што се менува времето, така се менуваат и генерациите што доаѓаат со него. Наше е, да ги прифаќаме промените и да се трудиме да се приспособуваме на нив.

Да се учи од поискусниот, треба да претставува: чест и задоволство

Да се разбереме: сезнајковци, ниту постоеле, ниту ќе постојат! Учиме, целиот живот. Учиме, се интересираме, сознаваме, прашуваме, од причина што треба да бидеме цивилизирани луѓе. Значи, помладите наставници, кои се вклучени, конкретно, во наставниот процес, треба да соработуваат со своите повозрасни колеги, па и со сите, како со стручната служба, така и со останатите, вклучени во образовната средина. Никогаш не е доцна од знаење плус, нормално, во рамки на професионалната кариера. Може многу да се научи од наставник, кој работи, на пример 30 години во настава, затоа што неговото искуство дава пример, како треба да се настапува како вршител на дејност во училница, во училиштна средина, па и пошироко. Нема срамење и мака, кога треба да се научи и совлада нешто трајно. Тоа е должност и обврска, на сите нас, просветари. Исто така, во професионалното досие на еден наставник (поготово, приправник), многу е важна консултацијата со училиштен педагог, психолог итн. Професионалното досие на наставникот е поврзано со професионалното досие на ученикот, затоа што, тоа е лик и дело на работењето и на сиот вложен труд на наставникот и на ученикот, или подобро кажано, доказ за оформување на оценка (постигнувања на наставникот и постигнувања на ученикот). Наставникот-почетник, мора да се консултира, пред секој чекор што ќе го направи во работењето со учениците и во водењето на педагошката евиденција, како и пред изведувањето на сумативна оценка за учениците. Многу е важен тој период на соработка и консултација, поговото сега, пред крајот на првото полугодие. Така се стекнува искуство. Но, таа свест и одговорност, останува на самиот приправник. Не можете со сила, ништо да правите и никого да натерате да сработи нешто. Се очекува и правилно е, од помладите наставници, приправници: соработка, консултација, договор, интерес, доследност, разбирање и одговорност. Ако се почитуваат овие клучни начела, секако дека резултати и успеси ќе има. Повторувам, никој не е сезнаен, учиме целиот живот!

Позитивниот пристап кон наставата, значи напредок

Како наставници, мора да имаме позитивен пристап кон наставата и кон обврските што ги имаме во неа. Настрана од сите негативни помисли, ставови, коментари... значи, крај со тие неетички однесувања. Имаме обврска, да останеме позитивни и да шириме пријатна атмосфера за работа, оти од нас, тргнуваат сите впечатоци... т.е како ние ќе се поставиме, така ќе се изгради мислењето за нас. И тука, мислам дека сум јасен. Секој наставник, е менаџер на часот и треба да го дава најдоброто од себе, за тие што ги поучува – за учениците. На тој начин, се споделува животна вештина. Само така, ќе пренесуваме убаво искуство, на нашите помлади колеги, кои имаат чест да работат во образование и да поучуваат. И што е најважно, потребно е, да се почитуваме едни со други, да покажуваме емпатија и професионален однос спрема сите, без разлика каде сме и со кого сме. Така, се негува и надградува личниот авторитет и принцип на работа. За да има образовен напредок, клучен е личниот капацитет и колегијалната соработка. Таа лекција, еднаш се учи, а секогаш се применува!

За крај, на сите мои колеги и на сите мои ученици, им посакувам: Среќни новогодишни празници, со желби за многу здравје, радост, среќа, успеси. Со нови погледи и желби, во новата 2024 год.

Автор: Александар Адамовски, професор по македонски јазик и литература и француски јазик    

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети детската градинка „Славејче“, која припаѓа на ЈОУДГ „Мајски цвет“, каде разговараше со директорката Кристина Лајмановска, за реализираните проекти, во објектите кои припаѓаат на оваа детска градинка.

детски 2

Постоечкиот објект во состав на ДГ Славејче кој во минатото се користел од страна на градинката сега е адаптиран и во него ќе се згрижувват деца и ќе се користи за една воспитна група. Со овај проект се овозможува и зголемување на капацитетите на градинката.

детски3

Во тек е изработката на детски игралишта, играчки, справи и реквизити во дворот на пет градинки кои се во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола кои ќе бидат реализирани до крајот на овај месец. Преку оваа инвестиција ќе се создаде можност голем дел од програмски активности да се реализираат во дворот на градинките.

детски4

Како дел од активностите за подобрување на условите во градинките извршено е реновирање на кујната во ДГ„Коца Василевска“ и тоалетите во градинките ДГ„Славејче“ и ДГ„Пеперутка“, извршена е набавка на лед сијалици и клима уреди, кујнска опрема, а подобрени се условите во скоро сите објекти.

Во ДГ„Мајски Цвет“ се заменети старите врати од тоалетите, магацинскиот простор и кујната со нова ПВЦ дограма.

За изведување на сите овие активности преку општинската сметка за блок дотации обезбедени се средства во износ од 11.280.510 ден.

По неколку часовна жолчна дискусија за тоа што е направено во изминатата година и што ќе се направи во престојната, советниците го изгласаа прелог буџетот на Општина Битола за 2024 година. „За“ гласаа ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата и СДСМ и коалиционите партнери, Левица беше против, а Поинаку гласаа воздржани.

Градоначалникот Тони Коњановски обраќајќи се од говорницата соопшти дека во буџетот вклучени се предлозите на сите советнички гтрупи и побара конструктивност во неговото донесување. Рече дека нема да дозволи да се прави театар и Општината да остане без буџет. Воедно побара од претседателката на Совет на следна седнициа на разгледување да го стави ревизорскиот извештај за Поинаку. Илиевска, му возврати дека тоа е јавен извештај за периодот од изборите, кој покажаува дека Понаку потрошиле само 40 000 денари за кампања кои сами ги платиле од џеб.

„Вклучени се предлозите од сите советнички групи, како и сугестии дадени на одржаните комисии. Отворен сум за соработка, но нема да дозволам да се прави театар од институцијата, нити сакам да прифатам сценарио во кое Општина Битола нема да има буџет за 2024 година. Во однос на отчетноста и транспаретноста добро знаат граѓаните неколку пати сме биле прогласувани за лидери по транспаретност од релевантни институции. Отчетност очекувам од сите политички групи, па затоа имам ревизорски извештај за една советничка група кој ќе го доставам до престедателката и на следната седница да го постави на дневен ред, рече Коњановски.

Илиевска му возврати дека по две години вади ревизорски извештај од избори кој е јавен , прикажен на страницата на Државниот завод за ревизија која не ги товари Поианку за никакви финансиски злоупотреби, туку напротив покажува колку малку пари потрошиле за кампањата.

„Ова е редовна работа и Вашата парија има ваков извештај. Го имате прочитано? Фала Ви многу оти јавноста ќе разбере дека носителот на независната група изборачи потроши само 40 000 денари за кампања. Ова е јавен документ, објавен секаде, ова е циркуз и вие правите циркуз. Извадете го ревизорскиот извештај на ВМРО-ДПМНЕ да видиме колку пати имате потрошено од буџетот и колку сега ќе добиете пари од Владата што ја нарекувате корумпирана и криминална. Ова е редовен ревозорсаки извештрај и ако јас имав згрешено затвор ќе бев. Кога бил објавен извештајот зошто седнавте со Габриела да се договарате, ако има некаков страшен финансиски извештај?Некој Ве лажи. Тоа е извештај дека 40 000 денари за цела кампања беа донирани од Алмир, Чулако и Габи“, рече Илиевска додавајќи дека никогаш повеќе ВМРО –ДПМНЕ нема да добие поддршка од Поинаку.

Ж.З.

Координаторот на советничката група на СДСМ Методија Илиевски, на денешната седница на Совет, од говорница го праша Тони Коњановски дали планира да ја напушти градоначалничката фотелја и да стане носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, а со тоа и иден пратеник.

„На 20 декември бевте прашан дали ќе бидете носител на листата во петтат изборна единица, а одговорот Ви беше ‘рано е за било какви коментари на таа тема’. Дали вашето колебање и двоумење денес да се појавите на седницата на Совет каде е ваша морална, законска и етичка обврска да го образложите буџетот, е доволен показаател дека сакате да избегате од моменталната фотелја и дека не сте задоволни од вашата работа во изминатите години, дека ставате потврда дека Вие ги потрошивте финансиските средства во изминатите 2 години, а немате видливи резултати? Да ми одговоирите дали ќе ја напуштите градоначалничката фотелја и ќе потврдите дека ги изневерувате битолачни и ќе станите носител на избортна единица број 5“, праша Илиевски.

Коњановски му одговори дека: „„Од самиот избор насочен сум како градоначалник кон работата и одоворноста која ја зедов пред граѓаните да направиме нешто за градот. Сосема е рано и далеку, макар да сме длабоко навлезени во фолклорот на предизбориетои, во таа насока ги тумачам и сите наводи за носители на листи и пратеници. Она што го ветив и го чувствувам како обврска дека доследно, одговорно, принципиелно и отчетно ќе се залагам за подобрување на условците во градот“.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани