2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 
Повеќе за сите не е само слоган, не е само политика, економски мерки, бројки, повеќе за сите е целата наша посветеност за подобар живот на граѓаните, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Битола.

Само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, 662 милиони евра насочуваме кон граѓаните, потенцираше Ковачевски пред битолчани коишто во голем број ја следеа трибината на СДСМ.

-Силна финансиска поддршка за ученици, студенти, млади, пензионери, ранливи, самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделци, компании. 120.000 млади лица поддржуваме со овие мерки, 187.000 пензионери, над 74.000 социјално ранливи граѓани, 40.000 земјоделци, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании. Тоа е повеќе за сите. Повеќе добиваат граѓаните, работниците, пензионерите, повеќе добиваат наставниците, професорите, лекарите, негувателките, повеќе има за младите, земјоделците, ранливите, фирмите. За сите! Ние знаеме дека секој поединец заслужува повеќе. Не само да добива повеќе, туку и да напредува, да биде спокоен за иднината негова и на генерациите што доаѓаат, рече Ковачевски.

Дури и во време на светска и економска криза, се справивме со сите можни предизвици и успешно ја поминавме кризата, никој не беше оставен сам.

-Не дозволивме да нема струја, парно, храна, гориво. Не дозволивме економијата да застане. И во такви тешки услови, обезбедивме економски раст, ја зауздавме инфлацијата и силно ги помагаме граѓаните, младите, студентите, учениците, пензионерите, ранливите, компаниите, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Битола.

 
 
 
Можно е да е слика од 1 лице и текст
▫️За над 600 илјади семејства во земјата ја продолжуваме мерката за субвенционирање на цената на струјата и тоа до 90%. Јас многу пати сум кажал, ако некој заслужува аплауз и благодарност од цела државата за оваа придобивка, и за справувањето со енергетска криза и зголеменото производство на струја за 45%, тогаш тоа се вработените во енергетските капацитети во државата, во РЕК Битола поточно, и сите нивни колеги кои работеа на реализација на она што успеавме да го направиме. Токму со нивната посветена работа 68.000 мали потрошувачи во кои се вработени 98% од работниците во приватниот сектор имаат субвенционирана струја.
Нема достапен опис.
Можно е да е слика од толпа
Можно е да е слика од 1 лице, учење и толпа
Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе студираат и толпа
Можно е да е слика од 1 лице и толпа
Можно е да е слика од виолина и толпа

Владата од буџетот издвои 1, 7 милиони евра за Општина Битола, средства за реконструкција на влезот во градот од страната на Прилеп. Процедурите за префрлање на парите се веќе во тек, по што Општината ќе може да започне со реализација на овој проект, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Битола.

Во Битола има појава на магла со видливост до 50м, известуваат од АМСМ и  препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите,

Инаку и во текот на деното најладно денеска беше во Битола со измерени -1 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.  

20.12.2023 год.

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
-1 Битола, 1 Прилеп, 2 Скопје-Петровец, 7 Демир Капија, Струмица, 8 Скопје-Зајчев Рид, 9 Охрид, Виница, Лазарополе, Попова Шапка, 10 Тетово, Претор, Штип, Велес, Кавадарци, Крушево, 11 Крива Паланка, 12 Берово, Маврови Анови, 14 Гевгелија.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
 
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во петок времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониски дневни температури

 

Интегрален текст од прес конференцијата на Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ: 

„Денес во очи на посетата на претседателот на СДС советниците од СДС со замајување на јавноста сакаат да ги покријат сите ветувања кои ги дадоа но не ги реализираа во овие 4 години централна власт. Неуспешен е спинот на СДС дека сметките за вода и канализација ќе поскапат поради директорите кои раководат со ЈП. Дури и врапчињата на гранките знаат дека регулаторната комисија за енергетика ја одредува цената на водата.

Со регулаторната комисија за енергетика раководат лица кои се партиски кадри на СДС кои освен партиските задолженија ништо друго не спроведуваат.

Исто така граѓаните треба да знаат дека со Одлука на Владата на СДС цената на водата на ЈП Стрежево ја поскапија за 20%. Дали Ковачевски е запознат со оваа одлука?

Сведоци бевме дека во изминатиот период поради неуспешните екомомски политики на владата на СДС, Македонија беше зафатена од екомомско цунами со незапамтена двоцифрена инфлација и енормно високи цени на електричната енергија. Уште еднаш да повториме дека ниту директорите ниту советот не ја утврдуваат висина на цената на водата.

Цената на водата се утврдува врз основа ЗАКОН ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЦЕНИ НА ВОДНИТE УСЛУГИ.

Крајно несериозно и потценувачко е да ја вреѓате интелегенцијата на граѓаните и да собирате ситни политички поени кога во 2018 година советниците од СДС гласаа ЗА поскапување на цената на комуналните услуги“. 

Интегрален текст од прес конференцијата на градоначалникот Тони Коњановски: 

 

Пред 15 тина дена предупредив дека, поради политички интерес, централната власт е насочена кон деструкција на битолското образование, преку одземање на ингеренциите на локалната самоуправа и целосна партизација на училиштата. Ваквиот процес континуирано продолжува со засилен интензитет.

Веднаш после мојата прес конференција, во која побарав спречување на крах во битолските основни и средни училишта со нивно оставање без 301 наставник, одземени ми се ингеренциите само во делот на назначување на директори на 2 основни и едно средно училиште.

Како резултат на тоа, во основното училиште „Свети Климент Охридски“, МОН за директорка ја назначи генералната секретарка на општинската организација на СДСМ, што сметам дека претставува директно инволвирање на политиката во основното образование.

Во основното училиште „Александар Турунџев“, каде веќе трет ден имаше бојкот на наставата од страна на наставниците, а каде исто така одземени ми се ингеренциите, именувана е претходната директорка, за која до општината претходно беа доставени повеќе петиции од страна на вработените во училиштето. Според моите информации, бојкотот е ставен во мирување денес после третиот час, во исчекување на решението од државниот просветен инспекторат, кој на барање на наставниците, изврши инспекциски надзор во училиштето.

Најголемата загуба во ваквите ситуации за жал е кај учениците.

Иако досега не е до мене стигнато решение за новоназначен директор на техничкото училиште, дали ваквиот тек на настаните наговестува дека и таму ќе биде назначено лице против кое се водат повеќе постапки за незаконско постапување?

Ваквата партизација во образованието, со одземање на ингеренции само во делот на назначување на директори, јасно говори дека има тенденција на испуштање од работа на веќе ангажираните наставници и професори и вработување на партиски кадри, што најмногу се рефлектира врз воспитно – образовниот процес на учениците.

Денес, веќе имам јавувања и од родители кои реагираат на очекуваната промена на наставници, за што, реагирале и во училиштата, а најавуваат и протести, доколку се случи отпуштање и смена на наставници. Учениците градат поврзаност со наставниците, а секоја промена, особено кога е масовна, за личностите во развој, не е едноставна.

Морам да напоменам дека, никогаш не сум бил против конструктивно делување и ангажирање на професионалци во дејноста, кои ќе придонесат за квалитетно образование и високи резултати на учениците.

Но, примерот кој го даваме сите ние како раководни структури на локално и централно ниво, на некој начин е модел на однесување кој понатаму го следат учениците.

Токму затоа, во образованието, секогаш мора да биде приоритет квалитетот, а партиските интереси мора да останат надвор од училиштата. Кога моите ингеренции се веќе одземени во споменатите училишта, го повикувам Министерството за образование да ја запре партизацијата на образованието, да не ги остави наставниците на улица, а на учениците да им овозможи настава каква што заслужуваат.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се сретна со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, со која разговараше за тековните активности поврзани со реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.

На средбата беа дефинирани активностите што ќе следуваат по завршувањето на тендерската постапка, која е во тек. Теренот е подготвен, кажа министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, и следниот месец може да започне реновирањето на старото училиште.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани