2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Пензионерите кои рекреативно играат фудбал, членови на Здружението на пензнионери- Битола, учестуваа на Меморијалниот турнир во фудбал „Валентин Стефановски 2023“ што деновиве се одржа во Демир Хисар. Таму се одигра ревијален натпревар помегу пензионерите од Здруженијата во Битола и Демир Хисар, на кој победија битолчаните. Со овој успех потврдија дека годините не се пречка за спорување дружење и победи. Турнирот се одржува традиционално секоја година.

Во пресрет на престојните Новогодишни и Божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола ги потсетува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република  Северна Македонија.  

Општина Битола, ја изготви документацијата, потребна за добивање на одобрение за работа на прифатилиште за бездомни и нерегистрирани кучиња и истата денес е испратена до Агенцијата за храна и ветеринарство, која треба да даде согласност за отпочнување со работа на прифатилиштето. Како дел од документацијата, изготвен е техничко – технолошки елаборат, список на опрема, приказ и организација на работата и биланс на работната сила, како и останатата пропратна документација, потребна за извршување на оваа дејност.

Прифатилиштето кое го изгради Општината, располага со 33 бокса со максимален капацитет од 3 кучиња по бокс според законските барања, што претставува оптимален капацитет за ставање под контрола на овој проблем. Во рамките на прифатилиштето изграден е долг парк, кој е неопходен за хуман третман на животните и за спроведување на сите законски постапки при времениот престој на кучињата во прифатилиштето. Вредноста на реализацијата на оваа фаза од проектот „Изградба на настрешница во функција на објект за ветеринарна заштита“, изнесуваше 4.132.399 денари. Акцискиот план на општината за ставање под контрола на проблемот со уличната популација на хуман начин, според анализите изнесени во елаборатот, во прв план предвидува масована стерилизација на кучињата во рамките на шест до осум месеци на минимум 75% од уличната популација на кучињата, по што ќе продолжи активноста за одржување на 75% стерилизирана популација со цел континуирано намалување на уличната популација по природен пат.

Проблемот со уличните кучиња не е настанат во краток период и токму затоа, локалната самоуправа пристапи кон подготовка за отпочнување со работа на надворешниот дел од прифатилиштето, кое целосно ќе одговори на констатираната состојба и моменталните потреби, а ќе овозможи долгорошно решение, со рационално искористување на средствата од општинскиот буџет.

Прифатилиштето ќе може да започне со работа, веднаш по добивањето на одобрението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани