2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола

Музичка магија се случи вечерва на големиот концерт на 4 хора под раководство на Марина Коруновска и нејзината школа Korunovska music&singing по повод Светскиот ден на хорското пеење. На сцената во Големата сала на Центарот за култура во Битола,  над 100 хористи, од 3 до 70 години, ја преноса нивната волшебна енергија преку музиката до публиката која заедно со детскиот хор “Ѕвончиња”, Тин Поп Рокет, Етно хор “АВА”, Пор Рок хор “БИТВОКС” , пееја познати детски песни, поп рок хитови, стара и подзаборавена македонска народна музика.

Марина Коруновска, заедно со нејзините соработници, Александар Ристовска и Михаил Мими Марковски, на битолчани им подготвија вистинско музичко уживање

-Овој ден ја слави не само музиката, ја слави солидарноста, мирот и разбирањето, тоа се вредностите на кои треба да се учат нашите деца. Пред да се впуштиме во магичното задоволство кое го дава хорската музика и изведба сакам да споделам нешто со вас. Во 1990 во август, Хелсинки Финска, на денот кога било предложено да се слави овој празник било кажано следното: Светот минува низ криза на себеунишување, нема никакво оправдување за тоа. Мнозинството луѓе од сите раси сакаат да живеат во мир. Ние музичарите, хористите време е да им покажеме дека музиката може да ги руши вештачките ѕидови изградени од политиката, различните идеологии, религиозни разлики и расна омраза кои го делат светот и го распарчуваат. Мора да покажеме дека музиката, божествената уметност е мисионерот на солидарноста, мирот и разбирањето. Не можеме да работиме сами, изолирани и затоа да направиме напори нашите гласови да се слушнат и да ја оставиме музиката да зборува место нас, рече Коруновска на почетокот на концертот.

АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ повод 8. Декември, празникот Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните кои го слават името и делото на големиот просветител и духовник.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани