2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

,,Семејното насилство не е семејна драма, насилството не е жанр. Тоа е аларм, тоа е повик на гласност. Жената која бара помош не го растура семејството. Напротив! Таа е жртвата” – рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната панел дискусија „Насилството низ призмата на културата - гласно и болно, но борбено“, како дел од кампањата „Сложувалка“.  

Заради изведување на градежни работи на изградба на топловодот, ве известуваме дека почнувајќи од утре, 6 декември 2023 година, товарните возила кои сообраќаат по улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка) ќе бидат пренасочени од кружниот тек на Дулие кон улица Индустриска, информираат од ДОЕЛ на АД ЕСМ, Топловод Битола

 
Од четврток, 7 декември 2023 година, затворен за сообраќај и за патнички возила ќе биде делот од улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка) од крстосницата на мостот со улица 16-та до крстосницата со улица Ѓорче Петров (крстосница кај Нојко аларм).
 
Согласно издаденото одобрение, времениот режим на сообраќај ќе биде на сила до завршување на градежните работи на топловодот во овој дел од Битола. 
 
Паралелно со изградбата на топловодот на улица Македонски гемиџии (поранешна Железничка), градежни работи се изведуваат на улица Индустриска, улица Студентска и во кругот на поранешната касарна. 
 
 

По повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. Целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.

Оваа година МКЦ додели 

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2023 ГОДИНА на

Ман анд Моунтаин (Man and Mountain LLC)  за организација и реализација на десетгодишната иницијатива за заштита на животната средина ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА во рамките на која се реализираат масовните волонтерски акции Генералка Викенд и Сончева Гора. 

Во волонтерската акција Генералка Викенд во 2023 година беа вклучени 51 општина и Националниот парк Шар Планина. Исчистени беа вкупно 304 локации. Беа вклучени повеќе од 300 училишта и градинки. Вкупно 15.811 учесници - волонтери придонесоа во волонтерската акција и беа собрани вкупно 252.681 килограми отпад. 

Дополнително во акцијата за пошумување Сончева Гора во ноември 2023 година беа засадени 50.000 садници во близина на езерото Младост крај Велес со учество на преку 100 волонтери. 

Ман анд маунтаин е главен организатор на овие волонтерски акции со мобилизација на огромен број на волонтери во партнерство со бизнис секторот, државните институции, општините и граѓанскиот сектор.

 

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2023 ГОДИНА на Проф. д-р Моника Марковска

 

Во 2023 година, Проф. д-р Моника Марковска има активен волонтерски ангажман како Потпретседател на Советот за женско претприемништво во општина Битола и како Претседател на Ротари клубот Битола Широк сокак. Евидентни се нејзините заложби за организирање на волонтерски настани и хуманитарни акции. Исто така, има ангажмани во различни проекти, организирање и реализација на работилници со млади и лица од ранливи категории од областа на претприемништвото. Таа постојано се залага и за промоција на социјалното претприемништво. Нејзиниот волонтерски ангажман е видлив преку организација на настани на кои се промовираат нови технологии, како што е примерот со виртуелната реалност и дигиталната писменост.

 

20231205 121744

20231205 121319

20231205 122027

20231205 122019

20231205 121507

Ценовник 2024

Декември 05, 2023

        ОФИЦИЈАЛЕН ЦЕНОВНИК НА АПЛА.МК

 

1. Страничен банер до главна коцка                           30 000 денари неделно
2. Страничен банер до рубрика Дневно                      20 000 денари неделно
3. Страничен банер под рубрика Крфица                   15 000 денари неделно
4. Страничен банер до рубрика Шо рече                    20 000 денари неделно
5. Страничен банер до рубрика Ифрит                       15 000 денари неделно

  • Наведените цени во денари се основни и важат на поставување банер само на насловната страница од нашиот Веб портал.
  • Цената на поставување банер на било која друга страница (различна од насловната) изнесува за 30 % поевтино од основната цена.
  • Цената на поставување на основната страна на нашиот веб портал и на било која (уште една ) страна се зголемува за 50 % од основната цена.
  • Поставување на повеке од две страни ке се тарифира според дополнително договорена цена.
  • Наведените цени се за неделно објавување.
  • Цената на соопштенија и огласи без поставен банер е 10 000 денари неделно
  • За склучени годишни договори цените на сите позиции се 50% одосновните..

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани