2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Center for European Development and Integration оваа недела на 03.12.2023 од 11:00 до 13:00 ја организира петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир над месноста Кркардаш.

„Во овогодинешната акција ќе треба да засадиме повеќе од 800 зимзелени садници од црн бор и Вашата помош ни е повеќе од потребна. Зборно место за вклучување во акцијата е платото над црквата Св Четриесет Маченици во периодот од 11:00 до 13:00. Ние ќе ги обезбедиме садниците а вие понесете алат за садење. Покровител и спонзор и на оваа петта акција за пошумување се BV Business Group кои како општествено одговорна групација на компании ja препознаа нашата заложба за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и ни помогнаа во набавката на садниците“, соопштија организаторите. 

Новиот деветти пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, содржи 26 мерки со кои се таргетирани поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза, соопштија од Владата

Во четврток, на 30.11.2023 година, во 12 часот познатиот  битолски  фотограф Петар Ставрев во Фоајето на Центарот  за култура во Битола ќе отвори изложба „Убавините на Пелистер“ по повод 75 годишнината од прогласувањето на Пелистер за национален парк. .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани