
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Според УХМР, денес попладне и вечер на повисоките места се очекуваат врнежи од снег и температури околу и под нулата.
Кога технологијата се повеќе го одзема слободното време на младите, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола пронајде уште еден интересен начин како дел од слободното време младите да го заменат со книга, наместо со телефоните во рака.
Таа организираше „Дегустација на книги“, креативен и привлечен начин да се запознаат читателите со различни жанрови на книги, особено во образовни или библиотечни поставки. Тоа беше литературен настан дизајниран да поттикне читање, истражување на различни жанрови и избор на книги. Тоа е забавен и интерактивен начин да се промовира читањето и да им се помогне на луѓето да откријат нови книги кои се усогласени со нивните интереси.
Учениците од СОУ „Јосип Броз Тито“ со професорката Биљана Т. Димко кои беа дел од настанот, покажаат колку оваа метода може да биде интересна и корисна за да ги привлече да дегустираат (читаат) што повеќе книги.
Во рамки на одбележување на патрониот празник Св Климент Охридски, во просториите на Универзитетската библиотеката во Битола се одржа работилница насловена „Во срцето на книгите: славење зборови, мудрост и чудо“.
Ова беше заедничка активност на Библиотеката со учениците од ООУ „Климент Охридски“ Битола од прво до петто одделение со нивната наставничка Снежана Стојанова.
Ученикот Михаил Андоновски прочита текст со наслов "Делото на Св.Климент Охридски", потоа учениците изработија плакат со македонската азбука, плакат за книгата и изработија книга со стихотворби посветени на патронот на двете установи. Изработките ги оставија во Библиотеката како поклон за нивниот патронен празник.
„Библиотеките и училиштата се важни институции кои играат клучна улога во поттикнувањето на образованието, писменоста и развојот на заедницата. Заедничките активности меѓу библиотеките и училиштата придонесуваат за холистички пристап кон образованието, обезбедувајќи им на учениците богат спектар на ресурси, поттикнувајќи го ангажманот во заедницата и поддржувајќи го развојот на вештините за доживотно учење“, соопштија од НУУБ „Св. Климент Охридски“.
На иницијатива на семејството Фејзула, наследници на сопственикот на поранешното фото и видео студио „Мис“ – Битола, денес во Државниот архив одделение Битола беа предадени архивски материјали од студиото на битолскиот фотограф Џеват Фејзула (3.11.1941 - 16.02.2021), соопштија од Установата
Под мотото "Сите зрачиме на различен начин", основното училиште "Коле Канински" го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост, при што беа отворени две простории за деца со атипичен развој и деца со потешкотии.
Денес во рамки на кампањата „ 16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“, со поддршка на ЕУ/Совет на Европа Ромактед програмата втора фаза, во салата на Советот на Општина Битола се одржа работилница на тема „ Обединето против насилство врз жените и девојчињата “.
На работилницата со свои излагања зедоа учество институции кои се директно вклучени во процесот за постапување по пријави за насилство: Центарот за социјална работа – Битола преку излагачот г-а Дуди Јаја – социјална работничка, која ги посочи статистичките податоци со кои располага Центарот за социјални работи Битола, во однос на семејното и други видови на насилство со кои се соочуваат во центарот, Министерството за внатрешни работи – СВР Битола преку излагачот г-а Бети Бошкова – инспекторка за малолетничка деликвенција и семејно насилство, која исто така ги истакна статистичките податоци во однос на пријавите кои ги имаат и даде објаснување како се постапува во однос на кривичниот законик и како претставник од Основен суд – Битола беше судијката Татјана Митревска која во своето излагање ни претстави два случаи за семејно насилство кои ги водела и каква пресуда е донесена за тие случаи.
Присутните на работилницата имаа можност да постават прашања и да отворат дискусија во однос на излагањата на претставниците од институциите.