2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ повод 8. Декември, празникот Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните кои го слават името и делото на големиот просветител и духовник.

Oд 18:35 часот на магистралниот пат А-3, Битола-Ресен на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на товарни моторни возил, информираат од АМСМ

Денеска во просториите на Библиотеката се одржа завршна активност во рамки на одбележување на Патрониот празник на Библиотеката.

 
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола со низа активности го одбележува Патрониот празник. 
 
На почетокот на настанот поздравен говор имаше м-р Бојан Стефановски, директор на  НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.
Националната установа –Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. 
 
Се одржа промоција на Библиографија на изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023) која ја 
составиле, уредиле и редактирале: Гордана Пешевска и Ленче Андоновска, библиотекар советници.
Промотор беше  нашиот колега Илче Стојановски.
 
Промоцијата на монографската публикација „Библиографија на изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 - 2023 година“ е посебен повод на највисоко ниво да ги претставиме и презентираме на едно место (во библиографија) сите досегашни изданија на нашата национална установа.
Библиотеката во своето 79 годишно постоење им овозможи на сите вработени кои имаа идеи и знаења да можат слободно да ја изразат својата научна и истражувачка дејност и да ја преточат во дела кои се дел од оваа Библиографија, а сè со цел да придонесат во промоција на македонската култура кај нас и во странство.
Застапени се истакнати, објавени и реализирани стручни проекти од посебно значење за унапредување на библиотечната дејност кои ги има во голем број и се состојат од истражување, творење, создавање на дела кои служат како пример за учење, библиографска информација, хроника на една дејност, библиографски трудови во доменот на роднокрајната дејност на Битола и Битолско но, и такви со прирачнички хроничарски односно културно – историски карактер како за Битола така и за Македонија, активности за презентација и промоција на македонската книжевна продукција во странство односно реализирани проекти, активности и трудови од значење за унапредување на библиотечната дејност во Општина Битола, државата и пошироко.
 
Исто така се промовираше  списанието „Библиотечен тренд“ број 57, промотор беше Маријан Корлевски и на крај следеше промоција на  Зборник на излагања од 18-тата Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија, за зборникот зборуваше координаторот м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски.
 
FB IMG 1701963589097
 
FB IMG 1701963605937
 
FB IMG 1701963602701
 
FB IMG 1701963595114
 
FB IMG 1701963586076
 
 

Министерството за образование ѝ ги одзеде ингеренциите на Општина Битола да назначи директори уште за две училишта, и тоа Средното технишко училиште „Ѓорги Наумов“ и Основното училиште „Климент Охридски“. Со ова станаа три училишта каде општинската власт не може да го избере првиот човек што ќе управува со школите. Пред две недели тоа беше случај и со основното училиште „Александар Турунџев“ во битолското село Кукуречани.

Коњановски вели дека ова се случува во период кога во училиштата течат конкурси за избор на директор и дека МОН води битка кој да го назначи првиот човек на школите, наместо да се реашава финансирањето на училиштата што станува проблем во последно време.

„Точно земени се ингеренциите во делот на назначување на директор. Ова е проблем што го има и во другите градови. Притисокот е огромен, можеби не толку од министерот колку што е од останатите во министерството, пред сѐ мислам на државниот секретар. Во атакот врз образованието Битола можеби е еден од целните градови да се покаже некаква неактивност. Ние многу се трудиме во образованието и тоа ни е врвен приоритет“, рече градоначалолникот Тони Коњановски.

Министерот за образование Јетон Шаќири декес повторно изјави дека се одеземаат ингеренции за да нема политичко влијание врз вработувањата во битолските училишта.

„Постапуваме според законот, а Општина Битола има неколку записници од Просветен иснпекторат во делот на вработување на наставниот кадар, таму има проблематична ситуација зашто наставен кадар кој е пред трансформација на работниот однос не е веќе на работните места. Затоа е постапено според тоа што дозволува Законот за средно обраозвание. Запозната е Општината и ја повикувам да ги почитуваат законите и да нема политичко вијание врз врбаотувањето“, рече Шаќири.

Во меѓувреме, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски соопшти дека има недоразбирања со Министерството и во делот на исплатата на К-15 во битолското образование.

„На седницата на 9 ноември правевме ребаланс на буџетот. Советниците едногласно прифатија дека 9,2 милиони денари треба да издвои Општината сама за да се испчати К -15 за основното образование. За сите 2000 лица тоа е 10 милиони денари. Нас државата ни даде 800 000 денари, ние го обезбедивме остатокот благодарение на Советот и ги имаме како средства во буџетот. Но, преку неформална комуникација нашата раководителка на финансии е известена дека МОН планира тоа да го блокира зашто не било возможно К 15 да го исплатиме со сопоствени средства. Ако имаше технички пречки тоа требаше претходно да го кажат “, рече Димитреовски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани