2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денеска се одржа петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир организирана од граѓанската иницијатица Зелен Баир и Центарот за европски развој и интеграција. Во овогодинешната акција 50-тина учесници од сите возрасти засадија 500 зимзелени садници од црн бор на потегот над црквата „Св. Четириесет маченици“ во месноста Кркардаш. Во изминатите 4 години беа засадени повеќе од 1000 садници од кои дел веќе се адаптирани и го разеленуваат просторот. Со денешната акција беа заменети и пополнети празнините во новиот појас шума кој го создаваме со оваа иницијатива.

Важно е да се обединиме за сите жени! Важно е да кренеме глас против насилството врз жените и девојчињата и да го вклучиме "портокаловиот аларм" 365 дена во годината, порачаа од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ  од денешниот марш во Битола 

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со членките и активистки на Форумот на жени на СДСМ во Битола, низ Широк сокак и Градскиот пазар поделија летоци со пораки и СОС телефонски линии во рамки на Кампањата 16 дена активизам против родовото насилство.

Во организација на  Korunovska music&singing битолчани  ќе имаат можност да уживаат во   еден различен и модерен хорски концерт , со кој за  прв пат во Битола, а можеби и во Македонија, ќе се  одбележи СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХОРСКОТО ПЕЕЊЕ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани