
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Делегација на битолскиот огранок на #СДСМ предводена од претседателот, Драган Крајовски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ во центарот на Битола и споменикот на паднатите борци 1941-1945 во село Лавци.
„Народ задоен со борба за слобода никогаш не умира!“ е пораката на „Споменикот на паднатите борци 1941-1945 “ во село Лавци, Битолско за зачувување на богатата историја на нашата држава и почитување на македонските херои од НОВ.
Овој споменик како и „Могилата на непобедените“ во село Могила и спомен обележјето кај Песјобрдце, Прилепско се дел од успешните проекти за превентивна заштита на спомениците од НОВ, на Министерството за култура.
Селото Лавци има емотивна нишка со министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, бидејќи е родно место на нејзиниот дедо, првоборецот Пецо Гудовски, носител на Партизанска споменица 1941. Посветеноста на Гудовски, како и многу други Mакедонци во тој период, се доказ за издржливоста и решителноста за Македонија да биде слободна денеска.
„Како горда внука на мојот дедо Пецо Гудовски, пораснав со неговите емотивни раскажувања за настаните и подвизите на партизаните и за нивната херојска борба против фашистичкиот окупатор. Веројатно затоа, за мене борбата на партизаните е најсилната асоцијација на борба за слободна на македонскиот народ,“ истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.
Инаку, проектот за превентивна заштита на спомениците од НОВ вклучуваше опсежно чистење на спомениците, хортикултурно уредување на околината, обнова на патеките, промена на оштетените плочи на постаментите, комплетирање на натписите на самите споменици, а ревитализирана е и Алејата на народните херои во Могила.
„Од суштинско значење е да се потсетиме и да ја почитуваме пожрвтвуваноста направена од нашите предци. Превентивната заштита на спомениците во Лавци, во Могила и во Песјобрдце не е само почит кон борците, туку и симбол на нашата посветеност за зачувување на богатото историско наследство за иднте генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Нашата држава утре ја одбележува 82-годишнината од народното востание - 11 Октомври, како почеток на Народноослободителното движење. Иницијативите како оваа дополнително ја истакнуваат важноста на сеќавањето на минатото и неговото значење во обликувањето на иднината, затоа минатото се памети, историјата се почитува, а иднината се гради.
Министерството за култура продолжува да дава приоритети и да инвестира во проекти кои го нагласуваат значењето на македонското културно-историското наследство.
Во четврток на 12.10.2023 год.со почеток во 20.00 ч. во НУ Центар за култура Битола, вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“ ќе има своја премиера пред битолската публика. На премиерата ќе присуствува дел од екипата на филмот.
“М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина.
Режија: Вардан Тозија
Сценарио: Вардан Тозија, Даријан Пејовски
Актерска екипа: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.
Проекциите на филмот ќе бидат во големата сала:
Проекции во голема сала:
Четвр. 12.10.2023. 20:00
Петок 13.10.2023. 22:00
Сабота 14.10.2023. 20:00
Понед. 16.10.2023. 20:00
Вторник 17.10.2023. 20:00
Среда 18.10.2023. 20:00