2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот ФБ профил заедно со фотографии од стратешкиот тим на СДСМ на кои се  гледа дека на маста е и екс премиерот Зоран Заев. 

„Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока - да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г. Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации. Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина“, напиша Ковачевски. 

Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ се потпиша меморандум меѓу седум киноприкажувачи во Македонија: Кинотека на Северна Македонија, Синема паркинг кино-Битола, 3Д Кино Битола, Центар за култура-Битола, Киноверзум Свети Николе, кино Фросина од Скопје, кино Милениум и Синеплекс, зедно со Агенцијата за филм и канцеларијата на Креативна Европа Медиа Македонија. Годинава се одбележуваат 100 години од отворањето на првото кино на браќата Манаки и со овој чин симболично се одбележа овој значен јубилеј.

-Со овој меморандум се изразува интерес и желба за заедничко дејствување во киноприкажувачката дејност со една и единствена цел - Меморандумот да служи како основа за формирање на единствена кино-мрежа во Република Северна Македонија. Целта на оваа кино-мрежа е поврзување на прикажувачите односно кината и застапување на нивниот заеднички интерес. Вакви кино-мрежи веќе постојат во Европа, во регионот и во светот, еве сега и кај нас со ова здружување ќе се обидеме да ја вратиме изгубената публика и да создаваме нова кино-публика, но и едукацијата на филмска публика, рече Бистра Георгиева од Форум за разумни политики.
 
Беше подвлечено дека ако досега секој сам се справувал со предизвиците, од овој момент веќе здружено ќе создаваат нова кино публика, бидејќи, според Георгиева сите кои работат во културата имаат должност и обврска да понудат вакви стратегии и решенија.
  
-Особено ми е драго што ова вмрежување се случува токму во Битола, затоа што низ годините Битола и тоа како е запишан како филмски центар пред се со 3Д киното, преку фестивалот „Браќа Манаки“, Етнографски филмски фестивал, Фестивалот Камера 300 итн. Би сакала да истакнам дека иако денеска овој меморандум се потпишува на парче хартија, ние досега природно се вмрежувавме и сме реализирале безброј соработки, рече Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура – Битола.
 
По свеченото потпишување на Меморандумот, членовите на оваа иницијатива најавија следна средба во Свети Николе.

Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола и Синдикалната организација на друштвото потпишаа Колективен договор со која се уредуваат правата, обврските и одговорностите помеѓу работниците и работодавачот.

Документот го потпишаа директорот на ЕСМ Молика, Миле Вељановски и претседателот на Синдикалната организација, Валентин Трпеновски. Колективниот договор на друштвото беше утврден низ дијалог кој двете страни го водеа изминатите неколку недели и во него се содржани последните законски решенија со кои се подобрува стандардот на работниците, како што е минималната плата и исплатата на додатоци за работа во недела.

Соработката меѓу ЕСМ Молика и синдикалната организација продолжува и понатаму со цел унапредување на условите за работа во друштвото кое беше формирано неодамна и работи во рамките на Државните електрани.

Во ЕСМ Молика работат над 90 лица, а друштвото стопанисува со Хотелот Молика, со автокампот Ливадиште, апартмани Свети Стефан во Охрид, одморалиште Маврови Анови и Вила Тиквеш во Стар Дојран и работничките мензи во РЕК Битола и РЕК Осломеј.

384242889 681341970633032 7097212852165562465 n

Најголемата банка во земјава, Комерцијална Банка, извести дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, а информацијата ја потврдија и од битолската  Стопанска банка. Д вете информации се објавени преку Македонската берза.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани