2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 02.08.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во с.Долно Дупени, ресенско, ги лишиле од слобода Х.Љ.(36), Д.С.(41), Ј.Н.(28), сите од Битола и А.А.(35), И.Т.(47), Б.С.(37), сите од Скопје, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана. По документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.

"Да си ја сакаш државата, значи да се бориш и да се избориш за нејзините перспективите и за перспективите на граѓаните. Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет. Обединети ја добивме битката за членство во НАТО. Обединети можеме да ја добиеме и следната битка, полноправното членство во Европската Унија" рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање за 2 Август на споменикот на слободата "Сила, слава и победа" на тврдина Кале во Скопје.

Тој додаде дека потребна е одлучност, а не страв бидејќи одлучноста не е отсуство на внимателност туку е отпорност кон предизвиците.

"Нашето место не е назад во изолација, туку напред во европското семејство на народи и државите, со кои културно се натпреваруваме, како што и го видел светот уште пред повеќе од еден век, великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев" рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека по трнлив пат, со безброј предизвици, однадвор и одвнатре, кој што сè уште ги има, но и со големиот влог на низа одговорни генерации кон својата татковина, кон младите и кон идните поколенија, денес сме дел од демократските сојузи на народи и држави, по патот на напредокот.

"Секако, ниту еден успех не е постигнат еднаш засекогаш. Поуката од минатото е дека иднината зависи едниствено од изборот што го правиме денес. Затоа, тој избор - нека не се предрасуди" рече Ковачевски.

Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на државотворните настани на двата Илиндена во  1903, и во 1944, од перспективата на оваа 2023 година, неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да  ја прифатиме државотворната агенда на концептот за Македонија кој не повикува: Да ја градиме како граѓанска држава, која ќе биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници кои ќе ги уживаат благодетите на земја членка на Европската Унија.

Од АД ЕСМ подружница РЕК Битола  И Синдикатот при РЕК на граѓаните на Република Северна Македонија им го честитаат големиот национален и верски празник Илинден, кој  претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес да живееме во слободна и независна држава, празник во кој се чествуваат храбрите илинденци и  пожртвуваните партизани од Народнослободителната војска кои ги положиле животите за создавање на сопствена и слободна држава. На сите граѓани им посакуваат овој голем ден да го поминат во здравје, среќа, радост и  љубов. 

Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечерва (1.8.2023 г.) на Гумење во Крушево,  под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и официјално почна чествувањето на големиот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

На отворањето на манифестацијата на која се обрати претседателот на Владата Димитар Ковачевски присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Ковачевски на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ рече „пред нас е аманетот на Илинденците и Асномците, дека секоја битка за македонскиот напредок– вреди!“

„И Илинденските и Асномците се бореле со се што имале, а најмногу со своите животи за меѓународно внимание, помош, поддршка, за вистинско признание од другите народи, нации и држави! И во тоа успеале! Но, нивните идеали и принципи се идентични и денес! И токму по Илинден 903-та, Асном 44-та, но и Скопје 1991-ва, клучното прашање е: каква држава сакаме и правиме денес? Каква држава сакаме да оставиме утре? Сакам јасно и силно да истакнам дека и ние имаме обврска, имаме незавршена работа, континуирано да ја градиме државата како слободна држава на слободни граѓани! Држава со своја историја, сегашност и иднина! Тоа е нашата обврска, тоа е нашиот наследен завет и аманет, тоа мора да биде нашето наследство за идните генерации! Ние знаеме дека од Илинден - до денес, ништо не било лесно. Затоа што и нема лесен пат до вредна цел. Илинденците и Асномците не се прашувале дали вреди да се продолжи. Не калкулирале со следниот потребен чекор. Не бегале од одлуки и не се криеле. Знаеле и дека во обединувањето е силата – и така и постапувале. Одлуките на илинденците и асномците обврзуваат дека битките се водат, не се напуштаат! Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет“, рече Ковачевски во Крушево. 

0
Министерката Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на  120 години од Илинденското востание и Крушевската Република порача - „Крушево одново сведочи на нашиот копнеж, на нашата битка до последен за слобода, на нашиот глас до светот дека ние Македонците сме жедни за своја Татковина и дека и ние Македоците имаме право на неа. Под бајракот на скапо платената слобода, продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година. Нашите илинденци, нашите партизани се најсветиот дел од нашата историја, од нашиот идентитет“, рече Костадиновска -Стојчевска од Крушево .

Манифестацијата  „10 дена Крушевска Република“ која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево за присутните реализираше богата програма и целовечерен концерт на повеќе изведувачи.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани