
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пo повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес пред споменикот на Даме Груев, свежо цвеќе положија, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, Сојузот на борци, претставници на политичките партии и млади од Извидничкиот одред Скаут Пелистер од Битола.
Пред 130 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во Солун. Денешното оддавање почит, пред споменикот на еден од основоположниците на организацијата, значи потсетување на почетокот на македонското револуционерно движење и организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава, но и должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија.
Македонски железници -Патнички сообраќај на својата веб страница објавија соопштение за редуцирање на патничките возови од Битола кон Скопје и обратно без да соопштат детали и образложение за одлуката. Од среда во двете релации ќе сообраќа по еден воз на ден. Еве ја во целост објавата
НА ДЕНЕШЕН ДЕН 22 ОКТОМВРИ
Честитки за одлучноста на нашата министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска да го држи постојано фокусот на културата во Битола! Нема поголема гаранција за заштита на македонската оставштина од заштитата на културното наследство што го имаме! А, го имаме во изобилие, без разлика што некој сака да го заобиколи. Пеш или со некое превозно средство!, велат од СДСМ Битола
31 издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“ во Битола и годинава се одржува под водство на филмофилот и еден од основачите на филмските фестували во Битола, Стефан Хаџиантоновски.