
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес, во Општина Битола, се одржа конститутивна седница на Советот за женско претприемништво, кој има за цел да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачки во општина Битола преку давање на мислења и препораки за прашања од интерес на женското претприемништво и еднаквите можности, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачки и економско зајакнување на жените. На конститутивната седница, за значењето на женското претприемништво, говореа координаторката за Пелагонискиот регион на националната платформа за претприемништво, Даниела Цветановска и правниот советник Талија Петреска. Присутните членови на Советот, ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посакувајќи им успешна работа:
„Сигурен сум дека, сите вие кои се пријавивте на јавниот повик на општината за членки на овој совет, имате силна визија и верувате во успешната поддршка која може да ја даде ова тело за економското јакнење на жената, затоа што познавајќи ве и самите сте добар пример за големите достигнувања на женската ангажираност во областите во кои работите или дејностите кои ги менаџирате.
Преку споделување на Вашите знаења, искуства, идеи и иницијативи, очекувам општината да даде поттик и поддршка во застапувањето на интересите на актуелните и потенцијалните жени претприемачки во Битола, а преку програмите и плановите кои ќе ги донесете, заедно да овозможиме економско зајакнување на жените“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање.
Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, која е и претседател на комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите, потенцираше дека очекува активност и остварување на планираните цели:
„Многу е важно планираните цели да не останат само на хартија. Поддршката од комисијата за еднакви можности, никогаш не била спорна и нема ниту да биде. Се надевам дека во периодот што следува, ќе имаме почести средби, почеста комуникација и делување со кое ќе ги оствариме целите“, рече претседателката на Советот, Илиевска.
Членовите на Советот за женско претприемништво, за претседателка ја избраа Ана Ристевска, сопственик и управител на Јавен Адвертајзинг Битола, а за заменички беа избрани Оливера Пандаревиќ и Моника Марковска.
„Преку советот за женско претприемништво максимално ќе се залагаме за поттикнување на жените за учеството во бизнис секторот како основачи на фирми и да ги искористуваат сите можност за поддршка. Сметам дека формирањето на овој совет е клучно за Пелагонискиот регион, бидејќи не само што придонесува за задржување кадри, туку и го поттикнува општествениот напредок преку искористување на женските вештини и иницијативи. Максимално ќе се залагаме лично јас, а и сите останати членови од советот да ги оствариме првично зацртаните цели и да создаваме нови можности за поттикнување на жените од најразлични области и возрасни категории“, рече Д-р Ана Ристевска, сопственик и управител на Јавен Адвертајзинг Битола.
Медиумската писменост е интелектуална слобода, истакна проф. д-р Марјан Танушевски, новинар на МИА, на денешниот Прес-Агол што се одржа во Бизнис академија Смилевски, а во рамки на манифестациите Денови на медиумска писменост.
Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените распишува литературен и ликовен конкурс на тема „Рацете во портокалово срце“ .
Деновиве, на повеќе локации во градот беше затекнато несоодветно одлагање на градежен шут, што негативно се одразува врз животната средина, а претставува и дополнителна причина за создавање диви депонии.
Дури 18 проценти од младите во Македонија работат онлајн за странски компании, а ваквиот начин на работа е можност да се намали нивното иселување од државата, беше кажано на панел дискусијата за подобрувањето на онлајн вработувањето и издржливоста на младите луѓе во пост-ковид дигиталната ера, што се одржа во Битола.
„Онлајн вработувањата, односно дигиталната ера после ковидот зедоа голем замав и во тоа ќе биде иднината. Младите се адаптираат на тој начин на работа и команиите мора да бидат флексибилни за далечинско работење. Од последната наша статистика, 60 проценти од младите се насочуваат кон дигиталната работа. Имаат слобода и услови за работа и добро е платено. Се намалува процентот на младинска невработеност“, рече Александра Митревска од „Нејтив тимс“, компанија која се занимава со олеснување на алатките за наплата и вработување на фриленсери во Македонија и 60 земји низ светот.
Милчо Дули, претседател на здружението „Сфера интернешнал“ од Битола, рече дека за време на ковид-периодот процентот на млади кои работеле онлајн пораснал за 15 проценти. Тој процент продолжува да расте, а во ИТ-индустријата платите се повисоки од просечната за 50 проценти.
„Од компјутер работат за странски компании, со што остануваат во нашата држава, а ги имаат вештините да знаат да препознаат добра работа и профитот ќе го користат тука. На веб–страницата која ја направивме можат да научат многу нови комуникациски и лидерски вештини, но и да се обучат за правни работи, за да бидат заштитени кога работат онлајн“, рече Дули.
Настанот се одржа во Europe Hause во Битола.
Ж.Здравковска