
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ребаланс на буџетот мора да има, на тоа веќе работи општинската администрација. Ќе им биде понуден на сите советнички групи, секој да каже свои предлози, тоа не е мој или на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сите граѓани и сите треба да учествуваат, па да видиме колку ќе бидат конструктивни сите оние што повикуваат на ребаланс“, рече градоначалникот Тони Коњановски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со изјавата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, дека ако недостигаат средства градоначалникот треба да се зафати со работа и да понуди ребаланс на буџетот, а не да се жао по прес конференции.
„Работењето го докажуваат резултатите и сработеното , а во Битола тие се случуваат евидентно. Тоа е реалност преку инфраструктурните проекти кои се работат на 16 локации истовремено и реализација на општинските програми за уредување на градежното земјите, програмата за економски развој која се однесува на проектното планирањее и подготовка на нови проекти, програмите за социјална заштита, спорт, млади и култура. За разлика од мојата работа како градоначалник и посветеноста на општинста администрација веќе неколку месеци сведоци сме на непочитување на законите и манипулации на штета на граѓаните кои произлегуваат токму од претседателката на Советот. Потврда за ова е и 26 седница за која на Илиевска ѝ беше укажано дека погрешила и од министерот за локална самоуправа и од државниот инспекторат. Вториот случај, исто манипулативен, е постапувањето спротивно на Законот за јавни претпријатија, преку покажување лажна загриженост за граѓаните. И таа седнница поради новата коалиција на Илиевска значи нови одолговлекувања на процесот на доцнење на одлуките“, рече Коњановски.
Претходно Илиевска одржа прес конференција на која изјави дека Советот беспрекорно функционира, ништо не е закочено и се поддржуваат проектите што се во интерес на Битола и граѓаните..
Интегрална изјава на Анета Ѓоргиевска советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Битола:
„Во недостаток на аргументи СДС продолжува со лични дискредитации, сатанизирање на уметници пропагирајќи ја нивната позната теза дека културата во Битола се користи за перење на пари. Ве повикуваме јавно да излезете со докази за наводен криминал и ве прашуваме дали со овие тврдења сакате да кажете дека во последните 20 месеци во пералната на пари учествувал и Симон Трпчевски, Меморија, Каролина Гочева, МКЦ Битола, Француската алијанса, НУ центар за култура, НУ Народен театар Битола, Владимир Костов, камерни и симфониски оркестри, театри од земјава и светот и уште стотици уметници поддржани од Општина Битола?
Јавната општинска установа КИЦ Битола е ваша творба за која кажувавте дека ќе биде установа која ќе го одржува толку извиканиот Офицерски дом а сега ви смета што истата таа установа троши буџетски пари. Кога лажевте за успешниот проект сега или тогаш?
Со ваквите клевети, навреди и јавно дискредитирање на уметниците и прес конференции без ниту еден аргумент само ја деградираат уметноста, уметниците а ги дискриминираат сите оние кои сакаат да посетуваат културни настани, илјадниците туристи и вљубеници во уметноста.
Времето кога 8 милиони се трошеа на култура без јавни огласи и без никаква видливост помина, дали притисокот кој го наметнувате со ваквиот наратив значи дека сите национални институции треба да прекинат со работа или ова се однесува само на Општина Битола?
На крајот ве повикуваме да престанете да создавате партиска култура а да градите културна политика која ќе биде на задоволство на сите битолчани.
Дајте аргументи и решенија доста е шарени лаги и дисквалификации, на уметниците може да им скратите се освен талентот и љубовта кон уметноста“, рече Ѓоргиевска.